Цените на житарките на берзите генерално паѓаат – освен пченицата на француската берза Matif. Пченицата со договорена испорака во декември поскапела за 0,8 отсто во вторникот на Matif и чини 333,50 евра/т, а во однос на претходната година котациите пораснале за 7,9 отсто, наведува Farmer.
Цената на пченката на таа берза во мартовскиот договор падна за 0,2 отсто и изнесува 306,00 евра/т, што е зголемување за 19,5 отсто во однос на 2021 година.
Пченицата на терминската берза на Чикаго, CBOT, падна за 1,0 отсто на 290,82 американски долари/тон во декемврискиот договор, што е намалување за 6,4 отсто во однос на минатата година. Цената на пченката со декемвриски договор за испорака на таа берза падна за 0,4 отсто и изнесува 258,55 американски долари/тон, што е за 13,9 отсто зголемување во однос на 2021 година.
