Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агенција за финансиска поддршка во земјоделството: Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Агенција за финансиска поддршка во земјоделството: Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година
Агровести

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството: Исплатени се субвенциите за органско производство за 2021 година

Објавено 21/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денес изврши исплата кон 816 лица со вкупен износ 102.621.983,00 денари за мерката Органско производство за 2021 година.

Корисници на оваа мерка се земјоделските стопанства кои пријавиле сертифицирано растително и органско производство и производство преод согласно Законот за органско земјоделско производство или, пак, имаат земјоделски површини кои се наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред кој е во функција на органското производство.

Појаснуваат дека корисници на оваа мерка се и откупувачи и трговци запишани во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи кои имаат произведено преработки од примарни земјоделски органски производи или производи во преод од домашно потекло или имаат извршено доработка и пакување на самоникнати видови со органско потекло и истите ги имаат продадено или, пак, вршат трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло.

Плаќањата за растителното и сточарското органско производство и производство во преод се дополнителна поддршка од 30% до 100% на основните директни плаќања по пријавена површина и пријавени грла.

Директните плаќања за површини наменети за зелено ѓубрење или угар во плодоред се во висина од 3500 денари / хектар.

Директните плаќања за преработка на органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 10% од вредноста на произведените и продадените производи со максимален износ до 150.000 денари по оператор.

Директните плаќања за трговија или извоз на свежи и преработени органски производи и органски производи во преод од домашно потекло се во висина од 5% од вредноста на продадени/извезени производи со максимален износ до 150.000 по оператор.

Директните плаќања за стручна контрола и сертификација ги покриваат трошоците за добиен сертификат издаден од овластено лице во висина од 50%

Директните плаќања анализа на својства на почва и производ кај земјоделски стопанства кои имаат извршени агрохемиски, педолошки или анализи на остатоци од пестициди и тешки метали и други материи на почва и во органски производи ги покриваат трошоците за анализите во висина од 70%, но не повеќе од 9.000 денари без ДДВ.

За добивање на финансиската поддршката корисниците имаат обврска да достават договори со овластени акредитирани тела за вршење на стручна контрола во органското производство, фотокопии од сертификат за извршена стручна контрола од страна на овластеното акредитирано тело, финансиски документи за продадени производи на домашен пазар или царинска декларација за извоз, платени фактури за стручна контрола и сертификација, како и извештаи од лаборатории за извршените анализи.

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:земјоделствотоорганско производствосубвенциите
Претходен напис Кутиров: До крајот на месецот целосно автоматско завршување на царинската постапка за еден час
Следен напис Објавен конкурсот за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?