Никица Бачовски, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информираше дела започна аплицирањето за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.
Висината на дополнителната финансиска поддршка е 2 денари по килограм.
Сите земјоделци кои ги исполнуваат условите за добивање на поддршка ќе може да аплицираат електронски.
Оние земјоделци кои не можат сами електронски да се пријават за добивање на финансиската поддршка можат да се обратат за помош во подрачните единици на МЗШВ.
Крајниот рок за поднесување на барање за горенаведените подмерки е до 25 декември 2022 година.
