Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Формирањето на техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Формирањето на техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите
Агровести

МЗШВ: Формирањето на техничката Влада нема да ја закочи исплатата на субвенциите

Објавено 08/01/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во новата 2020 година продолжува со спроведување на реформите и мерките за развој на земјоделството. Формирањето  на техничката Влада нема да го закочи спроведувањето на мерките коишто се планирани со тековните годишни Програми. Поддршката за земјоделците ќе продолжи и во новата 2020-та година.

Согласно планот, и во следниот период Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Од 1-ви јуни 2017 заклучно со 31-ви декември 2019 година се исплатија 335 милиони евра за субвенции во агросекторот. МЗШВ секогаш кога беше потребно преземаше соодветни мерки за покривање на загубите кои земјоделците ги претрпеа поради временски непогоди или нарушувања на пазарот. Изминатата 2019 година се исплатија над 140 милиони евра за интервентни мерки, кои беа во корист на земјоделците.

Непречено и согласно динамиката ќе продолжат инвестициите во водостопанската инфраструктура. Во моментов во полн ек е реализацијата  на крупни инвестиции во водостопанството како што е браната Конско, системите за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза и Равен-Речица, браната Речани, малите еколошки системи за наводнување и други инвестиции во водостопанството.

Земјоделската 2019 –та  беше потврда на добрите политики на Владата и година во којашто се донесоа мерки од коишто директен бенефит имаат земјоделците. Се реализираше мерката за зелена нафта, за прв пат се изврши поврат на персоналниот данок на доход кај 17.000 земјоделци, над 80 милиони евра се вратија на нивните сметки. Се потпишаа договорите за финансиска поддршка до 10.000 евра за младите земјоделци. За прв пат и локалните акциски групи добија финансиска поддршка. За поголема вклученост на жените земјоделки Владата воведе мерка за грант од 3.000 евра за жените земјоделки. Паралелно се направија измени и дополни на закони кои се важни за земјоделците, како што се Законите за вино, за државно земјоделско земјиште, за земјоделство и рурален развој. Се донесе комплетно нов Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи.

Започнатите процеси за реформи во секторот, ќе продолжат и оваа година, затоа што земјоделството е наша стратешка гранка, а оваа Влада со своите политики покажа што значи вистинска грижа за земјоделците и развој на земјоделството.

МЗШВ

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Информација од МЗШВмзшвподдршка а земјоделците во 2020
Претходен напис Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм
Следен напис Земјоделството во ЕУ на пресвртница?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?