Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Целерот – не многу популарен, но ефикасен зеленчук против многу сериозни заболувања
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Целерот – не многу популарен, но ефикасен зеленчук против многу сериозни заболувања
Магазин

Целерот – не многу популарен, но ефикасен зеленчук против многу сериозни заболувања

Објавено 08/11/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Целерот е растение кое на овие простори многу малку се користи. Кога луѓето би знаеле дека оваа не толку популарна намирница во својот состав изобилува со голем број витамини и минерали, многу почесто би ја внесувале во својот организам преку исхраната.

Имено, целерот е исклучително богат со растителни влакна, поради кои кога ова растение ќе го внесеме, се чувствуваме заситени што многу помага да спречиме прејадување, кое е една од причините за покачување на телесната тежина. Меѓу другото, целерот е преполн со многу витамини, кои го зајакнуваат имунитет, но и мускулното ткиво, а сокот од ова растение важи за моќен борец против сериозни заболувања. Покрај тоа, овој сок е и одличен додаток во исхраната.

Сок од целер
Сокот од целер е исклучително квалитетен и препорачлив да се пие, поради фактот што во неговиот состав се наоѓа многу мала количина шеќер и калории, а за разлика од сите други овошни и зеленчукови шејкови и сокови, веднаш делува на подобрување на нашето расположение и не дозволува да бидеме поспани, што честопати се случува кога ќе пиеме друг напиток од овошје или зеленчук.

Витамин А
Целерот е исклучително богат со витамин А, кој пак има клучна улога во зачувувањето на видот. Исто така, овој витамин ги штити очите од надворешна појава на бактерии и вируси што го иритираат окото, прават надувување на очните капаци и неконтролирано солзење. Витаминот А исто така помага во спречувањето на намалувањето на видот, појава што многумина ја поврзуваат со годините.

Го намалува ризикот од појава на рак
Целерот содржи лутеолин, а неодамна е докажано дека токму тој елемент помага во намалување на моќноста на клетките на ракот, притоа ослабнувајќи ги ѕидовите на клетките што помага при нивно побрзо уништување во процесот на лекување.

Железо и магнезиум
Целерот е исклучително богат со витамини и минерали какви што се железото, магнезиумот и натриумот, кои на сокот на целерот му даваат исклучително алкални својства. Со други зборови, јадењето на целер или пиењето на неговиот сок, може да ја неутрализира киселата средина во нашиот организам, киселините кои се создаваат во желудникот па дури и да ја намали киселоста на храната што ја јадеме. Поради ваквите својства, целерот многу помага во одржувањето на pH-рамнотежата во организмот. Консумирањето на многу кисела храна може да предизвика здравствени проблеми какви што се ослабување на коските, појава на камења во жолчката или во бубрезите и сл.
Исто така, целерот е преполн со калиум, кој има значајна улога во голем број процеси во телото, а научниците веруваат дека калиумот е трет по важност минерал за добро и нормално функционирање на организмот.

Го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
Дијабетесот тип 2 важи за здравствен проблем на современиот свет, кој е тесно поврзан со современото и брзо темпо на живеење. Проценето е дека до 2030 година, повеќе од 400 милиони луѓе во светот ќе го имаат ова заболување.

Целерот е еден од начините за да се намали можноста за појавата на овој тип дијабетис, па токму затоа е препорачливо редовно да го има на трпезата.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:целер
Претходен напис Која температура е најдобра за чување на виното и кои болести најчесто го напаѓаат?
Следен напис Претпладне магливо по котлините, попладне сончево
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?