Министерството за образование и наука упати предлог до Владата на Република Северна Македонија за воведување на нови категории на студентски стипендии, за кој Владата на својата последна седница донесе позитивна одлука. Од Владата соопштуваат дека со предложените измени се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на државните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.
Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на МОН, од кое се очекува деновиве да го распише и конкурсот за студентски стипендии за академската 2022/23 година.
Во месец август 2022 година, од Министертсвото за образование соопштија дека од оваа година, поради недостиг на кадар во одредени области, ќе бидат воведени и категории на стипендии наменети за студентите запишани на студиски програми за преведување и толкување, како и за студенти на студиски програми по историја на уметност, археологија, ликовна уметност и етнологија и антропологија.
Се воведуваат нови категории студентски стипендии за студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки
Остави коментар
Остави коментар
