Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Птичји грип во Унгарија – усмртени се 1.250 гуски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Птичји грип во Унгарија – усмртени се 1.250 гуски
Агровести

Птичји грип во Унгарија – усмртени се 1.250 гуски

Објавено 08/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Унгарската лабораторија на Националната канцеларија за безбедност на храна Nébih го потврди високо патогениот вирус на птичји грип на две фарми во округот Бач-Кискун.

Одгледувач во Бугац забележал зголемување на смртноста и симптоми на нарушувања на нервниот систем кај јато од 450 единки. Во градот Кискунмајса, на 30 километри јужно, болеста се појавила кај јато од 800 гуски. Лабораторијата Nébih го потврди подтипот на вирусот H5N1 и во двата случаи.

Заразените гуски се усмртени.

Повторното појавување на епидемијата резултираше со примена на нови мерки поврзани со движењето. Задолжително е да се чува живината во затворени простории на комерцијални фарми во два округа.

Имено, утврдена е заштитна зона во радиус од 3 километри околу заразените фарми, како и зона за надзор, која се протега и на територијата на Чонградско-чанадската жупанија.

Во овие жупанија и во областите кои не се засегнати со ограничувањето, забранет е увоз и транспорт на живина. Исклучок е транспортот за итно колење. Во тој случај, задолжително е да се испратат 20 клоакални и 20 фарингеални брисеви во дијагностичката лабораторија на Nébih 72 часа порано.

Во повеќе окрузи, правилото за чување живина во затворен простор важи за комерцијалните фарми. На другите, помали фарми, се препорачува хранење и полевање на покриено место, за да не дојде до контакт со диви птици кои можат да го пренесат вирусот.

Тестирањето пред транспортот на живината е задолжително низ целата земја.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:гускиптичји грипунгарија
Претходен напис Бесплатна испорака на житарки во сиромашните земји
Следен напис (ВИДЕО) Погледнете како изгледа најтешката јагода во светот според Гинисовата книга на рекорди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?