Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов проект на ЕУ и ФАО за консолидација: Фармите треба да бидат конкурентни и отпорни на идни шокови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нов проект на ЕУ и ФАО за консолидација: Фармите треба да бидат конкурентни и отпорни на идни шокови
Агровести

Нов проект на ЕУ и ФАО за консолидација: Фармите треба да бидат конкурентни и отпорни на идни шокови

Објавено 03/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Повеќекратната криза предизвикана од климатските промени, КОВИД-пандемијата и војната во Украина, уште еднаш го потенцира значењето на малите фармери, но ги извади на површина и нивните слабости – ограничената продуктивност и ниските приходи поради неефикасната структура на земјиштето, прекумерната фрагментација и застарената земјоделска инфраструктура. Производството на храна е повторно во фокусот.

Како што беше речено на денешниот настан по повод новиот проект на ЕУ и ФАО за окрупнување на земјиштето, малите семејни фарми се столбот на македонското земјоделство и тие мора да бидат конкурентни и отпорни на идни шокови.

Добрата структура на земјиштето овозможува поголема ефикасност и профитабилност на производството, како и можност земјоделците да инвестираат во модернизација и поголема продукција. Тоа влијае и на подобрување на животниот стандард и можноста за развој на руралните средини, што може да ги привлече и младите во овој сектор, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Владата, нагласи Николовски, ја препозна потребата од консолидација на земјиштето за да се реши прекумерната расцепканост и малата површина на земјоделските стопанства, како главен структурен проблем за напредокот на македонското земјоделство.

-Денес зборуваме за подготвени планови за консолидација на земјоделско земјиште во девет подрачја: Конче, Егри, Логоварди, Оптичари, Трн, Дабјани, Кожле,Соколарци и Спанчево. Притоа, во Егри е целосно изградена и земјоделска инфраструктура, а тој процес ќе продолжи и во останатите подрачја, истакна Николовски, осврнувајќи се на резултатите од проектот „Воведување национална програма за консолидација на земјиште“ (МАИНЛАНД) кој се спроведуваше 68 месеци, од март 2017 до ноември 2022 година.

Главната цел на проектот вреден 2,86 милиони евра, беше да се реши проблемот со расцепканоста на земјоделското земјиште за да се зголеми конкурентноста на производството, да се подобрат условите за живот во руралните средини и да се обезбеди одржливо користење на природните ресурси.

Во рамки на МАИНЛАНД се опфатија 4 700 хектари земјоделско земјиште, а директни корисници беа околу 6.267 сопственици на земјиште, нивните семејства и заедници. Освен окрупнување, проектот придонесе и да се подобри формата на парцелите што, пак, овозможи примена на современи земјоделски практики, воведување модерна механизација и технологии.

-За унапредување на консолидацијата на земјиштето, ЕУ одобри нов проект „Унапредување наконсолидација на земјиште во Северна Македонија“, кој е ко-финансиран од ФАО. Новиот проект е со вкупен буџет од 1,2 милиона евра и има за цел да ја продолжи успешната приказна на МАИНЛАНД. Ќе се фокусира наподобрување на националната политика, институционалната и регулаторната рамка за консолидација, вклучувајќи и развој на нова национална стратегија за консолидација за периодот 2022 – 2030 година со акциски план и целосно спроведување на проекти во две консолидациски подрачја: Дабјани (Општина Долнени) и Чифлик (Општина Чешиново-Облешево), комбинирани со изградба на земјоделска инфраструктура, информира министерот.

Според Набил Ганги, заменик регионален претставник на ФАО за Европа и Централна Азија и шеф на Канцеларијата на ФАО во Северна Македонија, МАИНЛАНД ја позиционираше Северна Македонија како лидер во регионот за спроведување вакви сложени структурни земјишни реформи.

-Заедно го подобривме националното законодавство за консолидација врз основа на најдобрите меѓународни практики и ги зајакнавме техничките и административните капацитети на Министерството за земјоделство, клучните агенции и приватните геодетски компании за успешно и одржливо управување и спроведување на Националната програма за консолидација на земјиштето, подвлече Ганги.

Евrоамбасадорот Дејвид Гир се осврна на значењето на земјишните ресурси.

-Грижата за земјиштето е наш приоритет. Неговото користење ќе игра клучна улога во европските амбициозни зелени планови. Одржливите земјишни системи се јадрото на Зелениот договор што значи произведување и задоволување на потребите со минимални трошоци. Целта е и 55 отсто намалување на стакленичките гасови до 2030 година, како и целосно до 2050 година, подвлече Гир.

Новиот проект, финансиран од ЕУ, ќе се реализира 42 месеца, од август 2022 година до јануари 2026 година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:земјиштеконсолидација
Претходен напис Николовски: Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, обезбедуваме подобра структура на земјиштето и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство
Следен напис Николовски: Ние сме лидери во регионот во консолидацијата на земјоделското земјиште, а директни корисници се 6.267 земјоделци и нивните семејства
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?