Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, обезбедуваме подобра структура на земјиштето и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, обезбедуваме подобра структура на земјиштето и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство
Агровести

Николовски: Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, обезбедуваме подобра структура на земјиштето и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство

Објавено 03/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска одбележуваме уште еден голем успех кој го постигнавме заеднички со ЕУ и Food and Agriculture Organization of the United Nations (FAO), информираша министерот Љупчо Николовски.

„Реализацијата на проектот „Воведување на Националниот програма за консолидација на земјиштето МАИНЛАНД“, ја позиционира Северна Македонија како лидер во регионот во спроведување на вакви земјишни реформи.

Како Влада ја препознавме потребата од воведувањето на консолидација на земјиштето, се со цел да се реши прекумерната расцепканост на земјоделското земјиште како главен структурен проблем за напредокот на македонското земјоделство. Денес зборуваме за подготвени планови за консолидација на земјоделско земјиште во 9 подрачја:
✅Конче
✅Егри
✅Логоварди
✅Оптичари
✅Трн
✅Дабјани
✅Кожле
✅Соколарци и
✅Спанчево.

4.700 хектари земјоделско земјиште се опфатени во проектот МАИНЛАНД, при што директни корисници се над 6.200 сопственици на земјиште. Од моите теренски посети со сигурност знам дека земјоделците се задоволни од сработеното и со голема доверба го поздравуваат процесот на консолидација.

На мое големо задоволство, во соработка со FAO инвестираме во уште еден, нов проект, чиј фокус е подобрување на националната политика, институционалната и регулаторна рамка за консолидација на земјиштето.

Со финансиска поддршка од ЕУ и ФАО во висина од 1.2 милиони евра, ја продолжуваме успешната приказна на МАИНЛАНД, и обезбедуваме подобра структура на земјиштето, и поголема ефикасност и профитабилност во македонското земјоделство, напиша министерот Љупчо Николовски на неговиот фејсбук-профил.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:маинланд
Претходен напис Викендов нè очекуваат пообилни врнежи, засилен ветер и заладување
Следен напис Нов проект на ЕУ и ФАО за консолидација: Фармите треба да бидат конкурентни и отпорни на идни шокови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?