Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕУ ја повика Русија да се предомисли околу суспензијата на договорот за извоз на житарки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕУ ја повика Русија да се предомисли околу суспензијата на договорот за извоз на житарки
Агровести

ЕУ ја повика Русија да се предомисли околу суспензијата на договорот за извоз на житарки

Објавено 31/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

ЕУ ја повикува Русија да се откаже од својата одлука да го прекине договорот за извоз на житарки од украинските пристаништа, витални за снабдувањето со храна во светот, напиша вчера на Твитер шефот на европската дипломатија Жозеп Борел.

Вчера не беше одобрено движење на товарни бродови кои превезуваат украински житарки во Црното Море, соопшти Заедничкиот координативен центар задолжен за следење на меѓународниот договор потпишан летово.

„Не е постигнат заеднички договор во Центарот околу излез и влез на товарни бродови на 30 октомври“, се наведува во соопштението по одлуката на Москва да го прекине учеството во договорот за транспорт на житарки потпишан во Истанбул на 22 јули поради напади со дронови на руски бродови во заливот Севастопол на Крим.

Одлуката „го загрозува главниот извозен пат за житарки и ѓубриво потребни за одговор на светската прехтанбена криза предизвикана од војната во Украина“, напиша Борел.

Москва објави дека го суспендира своето учество во договорот по нападот со беспилотни летала врз руската флота стационирана во Севастопол, на Крим. Москва го припишува нападот на Украина и Велика Британија.

Заедничкиот координативен центар, кој го надгледува доброто спроведување на договорот, ги собира делегатите на Русија, Украина, Турција и ОН во Истанбул. Договорот склучен во јули под покровителство на ОН и Турција, овозможи извоз на неколку милиони тони житарки блокирани во украинските пристаништа од почетокот на руската инвазија на Украина на крајот на февруари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:европаизвоз на житариРусијасуспензија
Претходен напис Режење на лешникот: Обликувајте ги родните гранки во форма на рибина коска
Следен напис Паметно земјоделство – зелена револуција на денешницата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?