Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сестрите Кристина и Симона од Неготино, позитивен пример кој мотивира: „Успеваме сами да обработиме 60 декари лозови насади, да студираме и паралелно да водиме „чоколадна продавница“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Сестрите Кристина и Симона од Неготино, позитивен пример кој мотивира: „Успеваме сами да обработиме 60 декари лозови насади, да студираме и паралелно да водиме „чоколадна продавница“
Магазин

Сестрите Кристина и Симона од Неготино, позитивен пример кој мотивира: „Успеваме сами да обработиме 60 декари лозови насади, да студираме и паралелно да водиме „чоколадна продавница“

Објавено 27/10/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Кога амбицијата, знаењето и љубовта кон нешто ќе се спојат, се добива исклучителен резултат со успех кој воодушевува и мотивира. Таков пример е приказната за чоколадната продавница „Амброзија“ и сестрите Кристина и Симона Василеви од Неготино, која ја сподели ИНОВАТИВНОСТ.МК.

Нивната приказна започнува скромно, девојки-деца без родители сонуваат да остават трага во општеството преку заедничката пасија која ја наследиле од своите родители. Тие по образование се насочиле кон општествено одговорни професии, но готвењето им е втора љубов. Кристина има 22 години и студент е на медицински факултет, а Симона 27 години, дипломиран политолог. Ним животот им зададал тешки удари, но секогаш си биле најголема поддршка една на друга, токму затоа се и совршен тим за работа. Тие две и уште едната сестра кој ја имаат имале прекрасни родители кои со воспитувањето како некако да ги подготвиле за сите предизвици. „Секако не може да ја изоставиме помошта која ја добивавме од неколку луѓе околу нас. Бевме деца и преку ноќ моравме да пораснеме, и пораснавме. Успеавме и се уште успеваме сами да обработиме 60 декари лозови насади, да студираме и да работиме друга работа паралелно. Нашата приказна не ја сметаме за тажна, туку за инспиративна затоа што успеавме да ги надминеме предизвиците, затоа што се што ни се случувало во минатото само направило подобра верзија од нас сега. Ова е доказ дека секој може и дека се во животот е минливо“, велат Кристина и Симона.

Како почнува приказната на Амброзија, од каде идејата и како стигнавте до реализација на идејата?

Готвењето и приготвувањето слатки отсекогаш било присутно во нашата фамилија. Љубовта кон готвењето ја наследивме од нашите родители. И двете готвиме уште од деца, иако и двете одбравме професии кои воопшто не се поврзани со гастрономијата, но таа љубов си остана. Концептот на социјално претприемништво беше совршена формула за да се спојат двете наши пасии – помагањето на лица на кои им е потребна помош и готвењето. Токму нашиот трнлив животен пат не мотивираше да работиме на промоција и развој на социјалното претприемништво во нашиов регион. Постои изрека која идеално ја опишува нашата мотивација- „Дај му на човек риба и ќе го нахраниш еден ден, научи го како да лови и ќе го нахраниш за цел живот”. Ние ќе нудиме креативен и инвентивен пристап кон храната, ќе користиме органски и локални производи, ќе се трудиме да бидеме еколошки одржливи и да ја намалиме количината на храна која се фрла. Преку Амброзија ние сакаме да им овозможиме стабилност и самостојност на жените во социо-економски ризик од регионот. Реализацијата на идејата во својата конечна форма се уште е во тек, во моментов е во првата иницијална фаза од осмислениот развој.

Дали имавте помош за реализација на својата идеја и од каде?

Амброзија е отпочната со сопствени средства кои беа доста минимални, се до овој момент помош во поглед на финансиски средства не сме добиле. Меѓутоа не можеме, а да не ја напоменеме неизмерната поддршка и стручна помош од страна АРНО и нашата менторка за време на RISEWB6 проектот Наталија Бургиева.

Најавувате дека ќе вработувате маргинализирани групи, кои во секојдневнниот живот се соочуваат со бројни прецки и проблеми.До каде е реализацијата на оваа најава?

Како и скоро сите од тиквешкиот регион и ние имаме лозови насади. Работејќи таму, се сретнавме со луѓе чии приказни не можевме туку така да ги одминеме. Сезонски работници, без здравствено и пензиско осигурување со непостојани приходи поради можноста за работа само неколку месеци во годината. Најчесто станува збор за лица од маргинализирани групи, кои се уште се соочуваат и со дискриминација во процесот на барање работа. Како силни борци за еднаквост, веруваме дека секој еден може, само ако добие шанса. Во поглед на вработувањето на лица од маргинализирани групи ова е предвидено во втората фаза на развој на Амброзија која ќе се одвива во текот на 2023година. Се до овој момент приходот од продажбата беше реинвестиран во купување на потребните материјали со цел овозможување токму на тие вработувања.

Продолжението од текстот можете да го прочитате на ИНОВАТИВНОСТ.МК.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:амброзијаКристина и Симона Василевилозови насадинеготиночоколадна продавница
Претходен напис Кога и како се берат дуњите? Квалитетот на плодовите зависи од времето на берба
Следен напис Одземено бесправно исечено огревно дрво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?