Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите на кумановско Љубодраг се сретнаа со претставници на АХВ и на Ветеринарен центар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Жителите на кумановско Љубодраг се сретнаа со претставници на АХВ и на Ветеринарен центар
Агровести

Жителите на кумановско Љубодраг се сретнаа со претставници на АХВ и на Ветеринарен центар

Објавено 26/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жителите на село Љубодраг синоќа одржаа средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарство и на ветеринарната станица на која се информираа за планови, програми и мерки за сузбивање на африканска свинска чума.
Жителите бараа објаснување зошто има планови за уништување на здравите свињи кои, како што велат, досега не пројавиле симптоми.

– Зедоа крв од сите свињи, излегоа негативни резултатите. Имаше угинати свињи кај депонијата Никуштак, десет километри од кај нас и кај еден човек тука во Љубодраг уништија свињи во една фарма. Еве месец дена во овие населени места Љубодраг, Ново Село, Умин Дол, нема угинати свињи, нема извор на болест, не е пронајден уште. Еве ние се прашуваме болеста се шири од диви свињи, никогаш нашите домашни немале контакт со диви. Се прашуваме како ќе продолжиме да одгелдуваме свињи, ако е пренослива од диви свињи како ќе се штитиме, изјави претседателот на месна заедница, Бобан Лазиќ.

Жителите велат дека нема да отстапат и дека ќе продолжат со протести од 10 до 12 часот на стариот регионален пат Куманово-Скопје.

– Ги информиравме за опасностите од ширење, зборувавме за опасноста од економијата. Уништувањето е мерка за натамошно ширење на болеста. Ги разбираме нивните стравувања, но и даваме гаранции дека во случај на убивање ќе бидат обештетени по пазарна вредност, согласно правилата. Државата гарантира. Ова не е единствено место каде е регистрирана болеста, позитивни случаи сега имаме во кумановско Речица, во Виница, Кочани, Штип, Чешиново, Облешево. Мора да се преземаат соодветни мерки, изјави раководителот на секторот за инспекција од Агенција за храна и ветеринарство Ванчо Новоселски.

Цената е различна, појаснуваат од АХВ и се движи за маторици од 24 до 35.000 денари, за товеник 120 денари за килограм.

– Важно е и жителите да се информираат за вистинските начини за обесштетување, навремено и прегледно, изјави директорот на ветеринарно-сточарскиот центар „Тодор Велков“, Зоран Пешевски, пренесе МИА.

Болеста африканска чума е присутна и во дел од европските држави и според информациите на АХВ се преземаат исти мерки за заразените свињи, како и на потег од три километри од жариштето на болеста.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ахвљубодраг
Претходен напис Времето денеска сончево со слаб ветер
Следен напис Русија ги потврди плановите за откуп на житарки за интервентниот фонд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?