Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нема дизел, нема вадење на шеќерна репка – Француската влада ги ослободи резервите на гориво за производителите на шеќер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Нема дизел, нема вадење на шеќерна репка – Француската влада ги ослободи резервите на гориво за производителите на шеќер
Агровести

Нема дизел, нема вадење на шеќерна репка – Француската влада ги ослободи резервите на гориво за производителите на шеќер

Објавено 13/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Откако групата производители SNFS предупреди дека недостигот на дизел, кој влијае на вадењето на шеќерна репка може да доведе до застој во работата на фабриките, француската влада ги ослободи стратешките резерви на гориво за производителите на шеќер, пренесува Ројтерс.

Имено, бензинските пумпи останале без резерви поради штрајковите на работниците во рафинериите „TotalEnergies“ и „Exxon Mobil“, што го наруши вадењето, преработката и испораката на шеќерна репка.

Владата ги искористила своите резерви за снабдување на оние кои останале без гориво.

Горивото неопходно за земјоделците

Фабриките за шеќер во Франција вообичаено работат од септември до крајот на јануари или почетокот на февруари. Нивната работа се заснова на доволно снабдување на земјоделците со потребното гориво за вадење на шеќерна репка и транспорт до погоните за преработка.

Сезонава во Франција одлучиле порано да почнат во кампањата за преработка на оваа земјоделска култура. Причината се можните енергетски ограничувања што планира да ги воведе нивната влада, во случај Русија да го прекине снабдувањето со гас.

Најголемиот француски производител на шеќер, „Tereos“, морал да го забави производството во некои фабрики откако „TotalEnergies“ рекол дека нема да може да испорача дизел. На „Cristal Union“, вториот по големина производител, сопствените залихи му овозможиле да ги одржи стапките на производство минатата недела, но ги искористиле стратешките резерви во текот на викендот.

„Ние објаснивме дека има загрижувачки тензии кои ризикуваат да доведат до привремено затворање на фабриките“, рекол претседателот на SNFS, Кристијан Шпигелеер, по состанокот меѓу производителите на шеќер и францускиот министер за земјоделство Марк Фесно. Тој додал дека државата се согласила да користи стратешки залихи за недостатокот на дизел да не се одрази на работата на фабриките.

Од Министерството за земјоделство не ги коментираа последните случувања.

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:дизелшеќерна репка
Претходен напис Се што треба да знаете за производство на црвено вино во домашни услови
Следен напис Слатко од бело грозје, вкус што не се заборава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?