Владата на Нов Зеланд предложила план за оданочување на емисиите на гасови од крави и овци на фармите, надевајќи се дека ќе ги намали емисиите на јаглерод, и покрај гласните критики од земјоделските организации.
Премиерката Џасинда Ардерн го објави предложениот нов закон, велејќи дека тоа е првиот план од ваков вид кој ќе го донесе Нов Зеланд на вистинскиот пат да ги исполни своите цели за намалување на емисиите на метан во следната деценија.
Според предлогот, фармерите кои ќе го исполнат прагот за големината на стадото и употребата на ѓубрива ќе треба да плаќаат надомест за гасовите што ги создава нивниот добиток.
Доколку предлогот биде усвоен, плаќањето на данокот би започнало во 2025 година и ќе се наплатува секоја година. Точните износи допрва треба да се утврдат.
