Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Уште што треба да се направи на нивите во октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Уште што треба да се направи на нивите во октомври
Совети

Уште што треба да се направи на нивите во октомври

Објавено 10/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во октомври времето значително се менува. Бројот на сончеви денови се намалува, а се зголемува бројот на облачни денови. Дневната температура повеќе или помалку се намалува, а се зголемува опасноста од рани мразеви.

Овоштарство
Во месец октомври се прибираат овошките. Тоа треба да се заврши што поскоро за да се создадат услови за дрвјата навреме да ги извлечат потребните материи од почвата што ќе им овозможат правилно одвивање на акциите во престојната зима.
Зимските сорти на овошјата треба добро да созреат на дрвото. Рано обраните плодови во магацините го губат вкусот и сокот. Во просториите за складирање, плодовите се подредуваат на дрвени полици, касети и каси, но само во еден слој.
Дуњите треба да останат на дрвото додека да почнат да паѓаат сами. Пред да се складираат, оревите треба добро да се исушат на сенка и во добро проветрена просторија. Се чуваат на сите или во доброп проветрена просторија.
Откако плодот на лешникот ќе се одвои од обвивката, подобро е да се чува во умерено
влажен песок отколку на воздух.
Мушмулите остануваат на дрвото до појавата на првите мразеви. Мразот ги прави меки,
кафеави и вкусни.

Во октомври кај сите дрва се одвива процес на складирање на резервни хранливи материи. Ова, кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата. Во помалите овоштарници, ова подразбира прашење на дрвцата со што се подобрува водено-воздушниот режим.
Во овој месец , доколку дозволуваат временските услови, сеуште може да се садат јагоди. Ова касно садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата.
Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со 2% раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските болести, кадравоста на листот и сл. Јаболката и крушите препорачливо е да се истретираат со 5% раствор од уреа.
Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се премачкаат со 20% варова каша.

Градинарство
Градинарските култури кои се наменети за потрошувачка во текот на зимата, треба да се приберат пред настапувањето на поголемите мразеви. Кочаните се отсекуваат под коренот и се чуваат во ровови. Морковите за зимска потрошувачка исто така се чуваат во ровови.
Ровот претставува јама ископана во земјата со димензии зависно од количината на зеленчукот кој што ќе се чува во него. На дното на ровот се постила слама врз која се реди зеленчукот и врз него повторно се реди слама.
Во првата половина на месецот се сади салатата и зелената салата кои се наменети за пролетната потрошувачка.
На крајот на октомври, или најкасно почетокот на ноември се прибираат празот, ротквиците, зелените домати, карфиолот и главестата зелка.
Во овај период се сади зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка.

Лозарство
Овај месец се доприбира несобраниот производ. Се врши ѓубрење со фосфорни и калиумови ѓубрива, во зависност од снабденоста на почвата со хранливи материи, по што почвата се ора длабоко.

Поледелство
Од први октомври започнува сеидбата на пченицата и јачменот. Пред сеидбата се врши ѓубрење на почвата со комбинирани ѓубрива, зависно од застапеноста на почвата со хранливи материи, а потоа се врши потребната обработка на почвата. Семето за сеидба задолжително треба да биде запрашено, односно деконтаминирано против болести.
Во овој месец се врши длабоко орање на почвата и основно наѓубрување, со што се припрема почвата за пролетните култури.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:октомвриран мраз
Претходен напис Празните ниви во Тетовско шанса луѓето да се вратат на одгледувањето грав и да се надмине недостигот на храна
Следен напис Компанијата „Ламборџини“ секоја година произведува 430 килограми мед, но не го продава, туку им го подарува на своите вработени за Божиќ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?