Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Октомвриски агроактивности во Пелагонија – Во овој период се сади и зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Октомвриски агроактивности во Пелагонија – Во овој период се сади и зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка
Совети

Октомвриски агроактивности во Пелагонија – Во овој период се сади и зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка

Објавено 05/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Променливото време, разликата во сончеви и облачни денови, како и разликата во утринските и дневните температури на воздухот, директно влијаат врз активностите во Пелагонија, велат земјоделците од тој крај.

Во октомври кај сите дрвја се одвива процес на складирање на резервни хранливи материи, а тоа кај младите овошни насади, бара длабока обработка на почвата, посочуваат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството-АПРЗ со седиште во Битола.

-Во овој месец, доколку дозволуваат временските услови, се уште може да се садат јагоди и тоа садење треба да е завршено до средината на месецот, за да може растенијата убаво да се вкоренат за да не изгинат во текот на зимата. Веднаш по паѓањето на листовите, препорачливо е сите овошни дрвца да се испрскаат со 2 отсто раствор на Бордовска чорба. Со ова се олеснува борбата против бактериските болести, кадравоста на листот и слично. Јаболката и крушите препорачливо е да се истретираат со 5 отсто раствор од уреа. Под кората на дрвјата обично презимуваат црвените пајачиња, некои видови грини, црви и други штетници. Затоа кон крајот на месецот треба стеблата и подебелите гранки да се премачкаат со 20 проценти варова каша, препорачуваат агро експерти од Битола.

Спред советите од АПРЗ-Битола, градинарските култури кои се наменети за потрошувачка во текот на зимата, треба да се приберат пред настапувањето на поголемите мразеви. Кочаните се отсекуваат под коренот и се чуваат во ровови. Морковите за зимска потрошувачка исто така се чуваат во ровови.

– Во првата половина на месецов се сади салатата и зелената салата кои се наменети за пролетната потрошувачка. На крајот на октомври, или најдоцна на почетокот на ноември се прибираат празот, ротквиците, зелените домати, карфиолот и главестата зелка. Во овој период се сади зелениот кромид на отворено за рана пролетна потрошувачка, велат од Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството со седиште во Битола.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:пелагонијапелахониј
Претходен напис Бачовски: Со финансиска поддршка од АФПЗРР гимназија од Радовиш доби фотоволтаични панели преку кои сончевата енергија ќе се претвора во електрична
Следен напис (ВИДЕО) Волшебен колач – Од една смеса, 5 слоеви или редови
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?