Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Истражувањата потврдија дека оревите го продолжуваат животот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Истражувањата потврдија дека оревите го продолжуваат животот
Магазин

Истражувањата потврдија дека оревите го продолжуваат животот

Објавено 04/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ново истражување на Факултетот за јавно здравје при американскиот Универзитет на Минесота, коешто опфаќа повеќегодишни испитувања, посочува дека луѓето кои редовно јадат јаткасти плодови, имаат поголема веројатност да бидат физички поактивни, како и помала опасност од срцеви заболувања во подоцнежната возраст.

– Изгледа дека оние што јадат јаткасти плодови имаат уникатен телесен фенотип што носи со себе други позитивни здравствено делотворни влијанија, како што е пoдобар квалитет на исхраната. Особено ако јадат јаткасти плодови уште од детството до средина на зрелоста, вели проф. д-р Лин М. Стивен. Научниците веруваат дека тоа е поради хранливите состојки во јаткастите плодови и нивното влијание врз целокупното здравје. Тие следеле 3.023 мажи и жени, во распон од 20 години и го споредувале нивното здравје со начинот на исхрана. Оревите се единствениот растителен извор на омега-3 алфа-линоленска киселина, за којашто е докажано дека го поддржува здравјето на срцето и мозокот, како и здравите процеси на стареење. Само една порција ореви (околу грст), има доволна низа хранливи материи корисни за целокупното човеково здравје. Тука, имено, се содржат четири грама протеини, два грама влакна и 45 милиграми магнезиум. Оревите исто така обезбедуваат бројни антиоксиданси, како што се и полифенолите. Јадењето ореви е исто така поврзано и со губење на тежината – луѓето кои јадат ореви покажале значително пониски концентрации на гликоза во крвта од оние коишто не јадат такви јаткасти плодови.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:јаткасти плодовиореви
Претходен напис Времето денеска сончево и посвежо со северен ветер
Следен напис Рекордна епидемија на птичји грип во Британија и ЕУ – Усмртени околу 48 милиони птици и живина последнава година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?