Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како хранењето на маториците влијае на опрасувањето – Помалку калциум, повеќе влакна – зошто?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Како хранењето на маториците влијае на опрасувањето – Помалку калциум, повеќе влакна – зошто?
Сточарско производство

Како хранењето на маториците влијае на опрасувањето – Помалку калциум, повеќе влакна – зошто?

Објавено 03/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Грешките во хранењето на маториците може да имаат фатални последици за прасињата, особено во моментот на опрасувањето, објаснува д-р Франц Лапа за Агрархеуте.

Изборот и квалитетот на добиточната храна влијае на маториците, а потоа и на прасињата. Проблемите започнуваат со бавно опрасување, поголем број мртвородени, а продолжуваат со недоволно количество млеко и завршуваат со поголеми загуби и прелесни младенчиња во моментот на одбивањето.

Вишокот на калциум ја намалува млечноста

Кога храната за маторици содржи премногу калциум, тоа доведува до намалено ослободување на паратироиден хормон од паратироидната жлезда. Тоа ја намалува мобилноста на калциумот во фазата на опрасување и го намалува производството на млеко.

Самиот процес е бавен. Прасињата споро излегуваат, а плацентата се исфрла со задоцнување од неколку часа или денови. Тоа доведува до развој на бактерии и распаѓање во матката. Се активираат воспалителни процеси, кои го попречуваат ослободувањето на пролактин од хипофизата. Протокот на млеко потоа престанува или се пресушува.

Треба да се обезбедат доволно сурови влакна во храната

Друг важен аспект е снабдувањето на маторицата со сурови влакна. Покрај нивниот удел во оброкот, важна улога игра и уделот на оние кои можат да се ферментираат со помош на бактерии. Храната како што е пулпа од шеќерна репка, лушпи од соја, овесни трици или луцерка имаат висока содржина на сварливи влакна, што значително го забрзува минувањето низ дигестивниот тракт и на тој начин го спречуваат запекот кај маторицата.

Влакната го спречуваат таложењето на ендотоксини во цревата, кои се создаваат поради побавното поминување на храната во цревата, што на крајот доведува до недостаток на хранливи материи во плодот во последната фаза преку воспалителни реакции и нарушена функција на цревата. Оваа појава е позната како синдром на метаболички стрес, а единствен начин да се избегне е да се јаде храна богата со растителни влакна, особено пред опрасување.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:калциумматорициопрасувањесвињи
Претходен напис Земјите на Европската Унија ги критикуваат плановите за намалување на употребата на пестициди
Следен напис Пред есенското садење, клучно е да знаете на кое растојание треба да се садат овошките
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?