Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно
Агровести

Диви свињи се појавиле во Пржино, граѓаните да бидат внимателни при пешачење на Водно

Објавено 27/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните треба да бидат внимателни при движење на локации во планинските пешачки зони на Водно каде може да наидат на диви свињи. При евентуална средба со дивите свињи граѓните треба да бидат смирени, да не ги напаѓаат за да не ги предизвикаат, бидејќи при нивната одбранбена реакција може да ги повредат, изјави денеска Илија Бојаровски од Центарот за управување со кризи.

Ако досега имало пријава само за контакт со диви свињи во високите шумски предели, сега, појасни тој, тие се појавуваат и во Скопје, како што е случајот со населбата Пржино, а и други населби на граница со природата во скопско.

– Тоа е заради тоа што голем број овошки зреат во планината и во населбата и трагајќи по храна дивечот се спушта и во населбите. Лицата кои ги шетаат своите миленици да го одбегнуваат работ на населбата Пржино, каде започнува шумата, бидејќи инстинктите на кучињата и дивите свињи не може да бидат предвидени, а тоа да не го прават во доцните вечерни часови и во раните утрински часови. Во последниот неколкугодишен период е зголемен ризикот од појава на болеста африканска чума кај дивите свињи и тоа е плус да алармираме на нивниот зголемен број на Водно, бидејќи нема специјализирана институција за справување со ваква или слична појава, рече Бојаровски.

Тој посочи дека ЦУК се обратил со барање за преземање законски надлежности и решенија до ЈП Паркови и зеленило Скопје, кое управува и стопанисува со Парк шумата Водно, Инспекторатот за шумаство и ловство, стручен орган за ловство, Агенцијата за храна и ветеринарство како координатор за справување со африканската шума, за која, како што потенцира, имаат инфромација дека дава награда од 250 денари за пријавена угината дива свиња, што значи дека ако граѓаните на овој потег забележат угината дива свиња тоа треба да го пријават.

– Министерствата за животна средина и просторно планирање, за земјоделство, шумарство и водостопанство, за внатрешни работи и градоначалникот на Град Скопје Данела Арсовска би можеле со свои ресурси да се вклучат во справувањето со појавата, како на пример Зоолошката градина во Скопје, повеќе здруженија за заштита на животни и сл. Исто така информиран е и градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, бидејќи Пржино е на подрачјето на таа општина. Дивата свиња се движи навечер, а преку ден одмара во густежите кои ги имаме на потегот од Водно, над Пржино, потоа Средно Водно се до Нерези. Се додека има вода и храна, дневно може да помине дури и по 70 километри и да се врати таму каде и е леглото. ЦУК преку единствениот повикувачки број за итни случаи 112 е во постојна комуникација со граѓаните и сериозно ги третира дојавите за опаснот по животот и материјалните добра, додаде Бојаровски, пренесе МИА.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Диви свињипржино
Претходен напис Николовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта
Следен напис Времето денеска сончево со умерена облачност, во западните делови услови за локален дожд
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?