Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ
Агровести

Битиќи: Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи денеска присуствуваше и се обрати на Бизнис форумот со Стопански комори на Република Северна Македонија и Република Хрватска.

Бизнис форумот е во организација на Хрватската стопанска комора, а на истиот учествуваат и претставници од Стопанската комора на Северна Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори, како и голем број на компании од двете земји.

Во рамки на Бизнис форумот, вицепремиерот Битиќи оствари и билатерална средба со потпретседателот на Владата на Република Хрватска, министерот за море, промет и инфраструктура, Олег Бутковиќ на која разговараа за искуствата на Хрватска во пристапните преговори со ЕУ како и унапредување на регионалната конкурентност како катализатор на процесот за Северна Македонија и земјите од регионот.

На средбата двајцата потпретседатели зборуваа и за билатералниот договор за одбегнување на двојното даночење помеѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија.

Министерствата за финансии на двете земји, Република Хрватска и Република Северна Македонија, ќе ги дорегулираат сите дополнителни права и обврски кои се однесуваат на договорот за одбегнување на двојното даночење меѓу Република Хрватска и Република Северна Македонија, со цел компаниите на двете земји да имаат право на одбиток на ДДВ за промет остварен во другата земја.

Пред започнување на Бизнис форумот состанок одржаа и претставници на коморите на двете држави на кој се приклучија и потпретседателите Бутковиќ и Битиќи. На состанокот беше присутен претседателот на Хрватска стопанска комора, Лука Бариловиќ, претседателот на македонско-хрватскиот бизнис клуб, Иво Усмиани, претседателот и извршниот директот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески и Антони Пешев, претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Неби Хоџа, потпретседателот на Сојузот на стопански комори, Орце Симов како и амбасадорот на Република Северна Македонија во Република Хрватска, Милаим Фетаи.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Битиќидвојно оданочување
Претходен напис Оранжериското производство во Европа на удар на енергетската криза – Земјоделците предупредуваат на пад на производството и скок на цените
Следен напис Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?