Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Јавен повик за доделување финансиска поддршка за помош за зачувување на руралните предели
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Јавни огласи и повици > Јавен повик за доделување финансиска поддршка за помош за зачувување на руралните предели
Јавни огласи и повициРурален Развој

Јавен повик за доделување финансиска поддршка за помош за зачувување на руралните предели

Објавено 25/09/2022
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Врз основа на член 7, алинеја 9 од Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој („Службен весник на Република Македонија“ број 72/07, 5/09 43/14, 193/15, 39/16, 164/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 190/19), Агенцијата за Финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој го објавува следниот

ЈАВЕН ПОВИК бр.11/2022
за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година

  1. ПРЕДМЕТ НА ОГЛАСОТ
    Предмет на овој оглас е доделување на финансиска поддршка за следните мерки:

Помош за зачувување на руралните предели и
нивните традиционални карактеристики

Надомест на трошоци за одржување на висински пасишта и ливади и поддршка на традиционално сточарство, Мерка 213

-во висина од 100% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина поголема од 700 метри, односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина поголема од 700 метри и

-во висина од 60% од просечна месечна нето плата во дејноста од период 01.01.2021 до 31.12.2021 година, како трошок за чување и напасување на добитокот (овци, кози и/или говеда) на пасиште (вклучително и ливади) кое се наоѓа во населени места со надморска височина под 700 метри односно регистрираните одгледувалишта каде се одгледува добитокот да се наоѓаат во населени места со надморска височина помала од 700 метри

Максимална вредност на прифатливи трошоци (до)

-не повеќе од 360.000 денари по вработено лице за не повеќе од 20 вработени лица

-за над 10 вработени лица помошта се намалува за 50%

Критериум

Поддршката се доделува во сооднос:
-1 вработено лице на 150 овци
-1 вработено лице на 50 кози
-1 вработено лице на 50 говеда

Бројот на вработени лица за кои е исплатена поддршката треба да е ист во период од најмалку една година пред годината за која е исплатена поддршката

II. ПРАВО ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА
Право на користење на средства по мерки имаат следните субјекти:

Земјоделски стопанства регистрирани согласно Законот за земјоделство и рурален развој во Единствениот регистар на земјоделски стопанства при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Мерка 213

III. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВА И ДОКУМЕНТАЦИЈА КОЈА СЕ ПОДНЕСУВА

Барањата за поодделна мерка се доставуваат во оригален примерок.

Условите кои треба да ги исполнуваат барателите на средства се утврдени со:

-Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година („Службен весник на Република Македонија” бр. 64/22, 81/22, 88/22, 97/22, 171/22 и 192/22)
-Правилник за начинот и постапката за спроведување на поддршката за помош за вршење на земјоделска дејност за заштита и унапредување на животната средина („Службен весник на Република Македонија“ бр. 117/2021)
-Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021 и 123/2022)

Доколку до Агенцијата се поднесат повеќе барања отколку што има расположливи средства за мерката 213, согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година, Агенцијата ќе им даде предност на оние баратели кои го поднеле своето барање порано од останатите.

Еден барател може да поднесе едно барање само за една мерка. Еден барател може да поднесе најмногу 2 поединечни барања по различни мерки земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за рурален развој за 2022 година.

IV. ПОДИГНУВАЊЕ НА ОБРАСЦИ И УПАТСТВА

Обрасците „Барање за исплата” со листата на потребни документи може да се подигне на веб страната на Агенцијата www.ipardpa.gov.mk.

Горенаведените обрасци може да се подигнат и директно во Агенцијата секој работен ден од 8:30 до 16:30 часот на адреса:

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој,
Ул. 3-та Македонска бригада бр.20 ( зграда на Македониja Табак блок Ц)
1000 Скопје

V. НАЧИН НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИТЕ
Пополнетите барања за исплата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година заедно со целокупната потребна документација се доставуваат на македонски јазик во затворен коверт на кој на предната страна во горниот лев агол стои ознаката “НЕ ОТВОРАЈ“, за Јавен повик број 11/2022 и назначување на шифрата на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да се достави по пошта или лично во писарницата на Агенцијата, во спротивно Агенцијата не превзема одговорност за ненавремено и некомплетно пристигнување во писарницата или предвремено отворање на барањето.

Крајниот рок за доставување на барањата е 14.10.2022 година. Барањата доставени по предвидениот рок нема да бидат разгледувани.

Подетални информации можете да добиете на телефонските броеви 071/ 285-385 и 070/ 267-789 или на [email protected].

Може да ви се допадне

Објавени пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост над 3 хектари
Која е разликата меѓу Јавен ОГЛАС и Јавен ПОВИК за земјa
ЈАВЕН ПОВИК 05/26: Гази Баба, Ресен, Кавадарци, Росоман и Чаир
ЈАВЕН ПОВИК 04/26: Теарце, Дебар, Македонски Брод, Демир Хисар, Крушево, Кисела Вода, Делчево, Берово, Пехчево и Велес
ЈАВЕН ПОВИК БР.03/26: Крива Паланка, Кочани, Виница, Кратово, Пробиштип, Куманово и Свети Николе
Таг:Мерка 213
Претходен напис Објавен е јавниот повик за мерката за помош за зачувување на руралните предели и нивните традиционални карактеристики
Следен напис Времето денеска променливо облачно со слаб до умерен повремено засилен ветер од јужен правец
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?