Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски во Штип: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски во Штип: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума
Агровести

Бабовски во Штип: Почна депопулизацијата на свињи во карбинско-штипскиот регион поради африканската чума

Објавено 24/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион поради болеста африканска чума. Од појавата на првиот случај во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3102 животни, а се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во овој регион, бројата да се дуплира.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николче Бабовски денеска во Штип нагласи дека Агенцијата постапува во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на африканската чума кај свињите.

Тој посочи дека во изминатиот период се донесени повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

– Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки.  Оние коишто имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор и месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес.  Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

Тој потенцираше дека вирусот е  отпорен, но дека болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

– Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:африканска чумамзшвнајновосвињисубвенции
Претходен напис Николовски: Продолжуваме со поддршка за вештачко ѓубриво и во есенската сеидба – 3.000 денари по хектар за пченица и јачмен
Следен напис Објавен повикот за Најуспешен земјоделец за 2022 година во општина Кочани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?