ДФИТР Фестим Халили присуствуваше на семинар за инвестициски можности во Република Северна Македонија, во организација на Универзитетот на Југоисточна Европа. Пред присутните гости, државни институции и компании, Халили ја претстави работата на Фондот, програмата и инструментите за поддршка на иновациската дејност во државата.

ФИТР во наредниот период интензивно работи на акредитацијата од Зелениот климатски Фонд, националната стратегија за вештачка интелигенција и нови предизвици и повици кои ќе овозможат полесен пристап до финансии за македонските компании.


