Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто
Агровести

Тутунопроизводството во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто

Објавено 16/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто.

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот, годинашниов род е со добар квалитет и иако се договорени речиси 26 000 тони, реколтата се оценува на околу 18 500 тони, речиси на ланското намалено ниво.

– Моментално тутунот е со добар квалитет. Дождовите ја поправија ситуацијата да не потфрли родот. Тоа и ја забрза бербата. Но, сметаме дека годинава нема да се постигнат договорените количества. Реколтата е на ниво на ланската и прашање е колку ќе се постигне. Ако се договорени близу 26 000 тони, сметаме дека оваа година реколтата ќе биде може и помалку од лани, најмногу до 18 500 тони тутун, вели Стомнароски.

Преговорите за повисоки откупни цени се почнати уште пролетта, но, сега е вистинскиот момент за сериозни преговори со откупувачите.

– Веќе еден од откупувачите најави зголемување на цените по класи за 15 проценти, а очекуваме тоа да го следат и другите. Доколку не се зголемат цените, в година ќе се соочиме со уште помал род и во опасност ќе биде да се уништи тутунопроизводството. Мора да се зголемат цените. Партнерскиот однос помеѓу производителите и откупувачите треба да се изедначи, зашто никој по оваа цена нема да засади тутун, објаснува Стомнароски.

Злате Дамоски, претседател на прилепското тутунско здружение „Мице Козар“ смета дека реалната исплатлива цена за производство е да се зголеми откупната за 20 до 25 проценти.

-За нас, оптималната цена е таа да не биде под 240 денари за килограм. Под тоа е неисплатливо. Реално е да се зголеми за 20 до 25 насто. Сето друго го доведува во опасност тутунопроизводството. Ќе нема кој да засадува, ќе исчезне од нивите, вели Дамоски, пренесува МИА.

Инаку, цените по класи се, за прва 280, за втора 200, за трета 155 и 150 денари за килограм, а збирната, четврта класа е 90 денари. Од тутунопроизводство, во земјава живеат речиси 30 000 семејства. Најголемиот дел од производството е во Прилепско-пелагонискиот регион.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:менде стомнароскитутунцени
Претходен напис Турција го ограничува извозот на домати за да ја одржи стабилноста на домашната цена
Следен напис Најголемиот европски производител на свинско месо најави масовни откази
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?