Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дали рускиот амонијак ќе доаѓа на светскиот пазар преку Украина?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Дали рускиот амонијак ќе доаѓа на светскиот пазар преку Украина?
Агровести

Дали рускиот амонијак ќе доаѓа на светскиот пазар преку Украина?

Објавено 15/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Можно е да се рестартира извозот на амонијак од Русија преку Украина, во што посредуваат Обединетите нации. Овој потег би можел да го стабилизира јулскиот договор со кој украинските земјоделски производи се извезуваат преку Црното Море, пишува Ројтерс.

Амонијакот е клучната состојка во азотните ѓубрива, а цевководот што го транспортираше од рускиот регион Волга до украинското пристаниште Одеса беше затворен уште во февруари.

Обединетите нации предложија амонијакот, во сопственост на рускиот производител на ѓубрива Uralchem, со гасовод да се донесе на руско-украинската граница. Таму би го преземал Trammo, глобален продавач на мало на овој вид стока, со седиште во САД.

„Недостигот на амонијак, кој претходно беше испорачан преку Украина, на пазарот на земјите зависни од него, предизвика значителни потешкотии. Веруваме дека континуираната испорака ќе помогне да се стабилизира цената на ѓубривата низ целиот свет, со цел да се избегне глобална криза за храна“, рече извршниот директор Ед Вајнер.

Договорот би ѝ дал на Русија причина да се придржува до јулскиот договор за извоз на житарки од Украина, кој треба да биде обновен во ноември.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, неодамна го критикувал овој документ и се заканил со ограничувања. Тој се пожалил дека извозот од Русија е отежнат, додека стоката од Украина, според него, не оди во сиромашните земји туку во Турција и во Европската Унија.

Треба да се напомене и дека минатата недела министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ одржаа состанок за актуелната енергетска криза, а во врска со неа и падот на производството на азотни ѓубрива.

Како што знаеме, поради најавата за затворање на многу хемиски фабрики, ќе има дополнително поскапување на пазарот. Како што пишува рускиот портал специјализиран за ѓубрива Fertilizer Daily, западните санкции против акционерите и менаџерите на руските производители на ѓубрива доведуваат до значително намалување на снабдувањата од таа земја.

„Санкциите наметнати од властите на ЕУ кон Русија и нанесоа силен удар на нејзиниот енергетски пазар и хемиската индустрија. Нема да биде изненадување доколку во наредните недели продолжи намалувањето на производството на азотни ѓубрива во ЕУ, што ќе доведе до нивно натамошно поскапување и нарушување на есенската сеидба“, коментираат од информативно-аналитичката служба на овој портал.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Uralchemамонијакрусија украина
Претходен напис Бочварски: Го развиваме Дојранскиот регион, започнува реконструкцијата на три патишта во општина Дојран
Следен напис Роботот за измолзување пристигна на фармата „Пивко“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?