Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед
Агровести

Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со договорот за обезбеденост на храна што го склучивме во рамки на последниот Самит на Отворен Балкан се обврзавме дека нема да има бариери меѓу Албанија, Србија и Северна Македонија. Ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед, а така ќе биде и за млекото. Нашата поддршка или промена во политиките ќе биде сериозна, рече министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Тој во одговор на новинарско прашање дали ќе бидеме снабдени со прехранбени продукти, посочи дека преку овој договор, се она што ние го немаме треба да ни биде обезбедено од страна на Србија или Албанија, а тоа што тие го немаат, а ние го произведуваме, а имаме вишок, треба да го споделиме.

-Во рамки на договорот за обезбеденост на храна што го склучивме во рамки на последниот Самит во Отворен Балкан, се формираше и Комисија која ги анализира сите складишни капацитети на сите три држави, се со цел да ги обезбедиме граѓаните со основните продукти во рамки на овие три земји. Ние за 30 отсто предлагаме зголемување на основните субвенции по грло во делот на сточарството, ги елиминираме сите мерки кои се злоупотребуваа досега на база на сите анализи и верувам дека овој концепт ќе даде сериозна поддршка во делот на сточарството, како и останатите мерки од програмата за рурален развој, додаде Николовски, пренесува МИА.

Тој напомена дека ќе се анализираат тековните состојби, а во моментов, како што рече, нема некој аларм во однос на недостиг на продукти.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскитоврн балкан
Претходен напис Министерот Николовски ги најави клучните промени во моделот на земјоделското субвенционирање
Следен напис Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?