Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Манифестација „Млеко 2022“ во Прилеп: Да се знае и вреднува потеклото на храната
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Манифестација „Млеко 2022“ во Прилеп: Да се знае и вреднува потеклото на храната
Саеми и манифестации

Манифестација „Млеко 2022“ во Прилеп: Да се знае и вреднува потеклото на храната

Објавено 03/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Производители од повеќе региони ги претставија производите во центарот на Прилеп, на плоштадот пред градскиот саат на манифестацијата „Млеко 2022“ што ја организира „Слоуфуд Прилеп“, со поддршка на националната асоцијација „Слоуфуд Македонија“ , на Министерството за земјоделство и на општина Прилеп.

Според Филип Димкоски од „Слоуфуд Прилеп“ манифестацијата која е под мотото Како да се „бие“ млекото? неопходен е вистинскиот третман на производителите на храна.

-Целта на настанот е да се покаже која е важноста и колку се важни оние кои одгледуваат млекодајни животни, да се крене гласот зашто тие навистина заслужуваат подобар третман и од нас како граѓани, и од државата. Треба да им дадеме почит, внимание и простор да може да си го заработуваат чесно лебот, како и досега, но да е видлив нивниот производ и да се цени. Се наоѓаме во година со големи проблеми со намалени сточни фондови, ова е тешка производствена гранка. Ќе имаме дебати и трибини и ги вклучуваме од Министерството за земјоделство, од Агенцијата за храна и ветеринарство, од Факултетот за земјоделски науки и храна, од локалните власти. Многу е битно граѓаните да ја сменат свеста, да го знаат потеклото на храната што ја јадеме. Колку сме поблиску до производителот, толку повеќе сме сигурни дека јадеме квалитетен и со љубов произведен производ, изјави Димкоски.

Арбана Маркоска од Прилеп, Соња Тодороска од селото Врбоец Крушевоско, Игор Поповски од селото Дихово, Битолско се дел од производителите на сирење кои сакаат да се цени и да се валоризира нивниот труд.

– Имаме околу 200 глави овци, сама произведувам. Сега повеќе се бара биеното сирење, тешко е ама мора да се работи, вели Арбана Маркоска.

– Работиме со кравите, нема доволно земјиште, малку е работната рака, ама се произведува и тоа се пласира, иако за тоа се потреби поголеми напори. Имам добиено трактор со субвенции, но убаво е државата да ни помогне со лактофризи и други алатки за поквалитетно, поисплатливо производство, вели Соња Тодороска.

– Работам 10-тина години со својата фарма, откако го завршив факултетот. Главно ни недостасуваат организација и повеќе работа. Доста се плачиме дека ни е виновна државата. Потребни се ангажмани, поголема свесност и да работиме. Имам убава природа, сонце, земја, убави природни услови, но треба напорно да се работи, изјави Игор Поовски од Дихово, Битолско.

Љубовта кон здравото производство на храна не познава граници. Тоа го потврдува и новинарката Гордана Цветаноска од Прилеп која во Мало Коњаери произведува зеленчукови и производи од овошје.

– Отсекогаш сум ја носела љубовта кон производството на храна. Тоа е посебна љубов. А кога се работи со љубов, е најдобро. Природата е таа љубов неизмерно што ја дава. И битно е да се произведува здрава храна, без пестициди, еколошки чиста. Произведувам и во тегли пакувам производи од зеленчук и овошје. Почетоците се тешки, нормално. Недостасува амбалажа и секако, треба да се развие пласманот. Ама кога се работи со љубов, може да се очекува да се постигне нешто, вели Цветаноска.

Манифестацијата трае од 10 па до 18 часот. Покрај изложбата и пазарот на млечни и други производи, дискусиите за производството, ќе заврши со изложба на млекарска опрема и со музичка програма. Ова е четврта манифестација од годинашната „Млеко 2022“, по оние во Битола и две во Скопје.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Таг:млеко 2022
Претходен напис Тиквеш и Камник добитници на Винскиот трофеј Отворен Балкан за автохтони сорти и сортата „оранж” на Првиот меѓународен саем „Винска визија Отврен Балкан”
Следен напис Превентивни активности на СВР Тетово за ловната сезона
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?