Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, утре во Белград почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“. Саемот ќе трае до 4 септември, ќе има повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 од државите членки на Отворен Балкан, а на отворањето ќе присуствуваат српскиот претседател Александар Вучиќ, претседателот на Владата на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и албанскиот премиер Еди Рама.
„Ги поканувам сите да дојдат на саемот „Винска визија на Отворен Балкан“, во Белград, да видат колку напредува нашата винска индустрија, но и да научиме нешто за вината од Северна Македонија и Албанија – изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ.

