Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Владата го развива млекопроизводството: Во фарма во Логоварди високостелни јуници од програмата за рурален развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > (ВИДЕО) Владата го развива млекопроизводството: Во фарма во Логоварди високостелни јуници од програмата за рурален развој
Сточарско производство

(ВИДЕО) Владата го развива млекопроизводството: Во фарма во Логоварди високостелни јуници од програмата за рурален развој

Објавено 25/12/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, Трајан Димковски, придружуван од директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов и раководителот на ПЕ на МЗШВ од Битола, Методија Илиевски, денеска беа во посета на еден од карантините кадешто се чуваат набавените високостелни јуници.

Овие 159 јуници кои моментално се наоѓаат во карантин се обебзедени преку мерката за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој.

-Подобрувањето на генетскиот потенцијал во сточарството е важен за развој на секторот и крајно за поквалитетни финални сточарски производи, изјави министерот Димковски и ја потенцираше важноста на оваа мерка:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел да излезе во пресрет на сточарите, во годинешната Програма за рурален развој направи измени на мерката за Набавка на добиток од увоз или од признати организации согласно Законот за сточарство -набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), педигрирани машки и женски приплодни грла овци, педигрирани машки и женски приплодни грла кози.

Од годинава апликантите прво склучуваа договори за набавка, па потоа набавуваа. Измената се направи со цел сточарите да бидат посигурни во инвестицијата и се прави на нивно барање.

Се очекува оваа мерка да создаде услови за обновување на генетскиот потенцијал на сточниот фонд, што директно ќе влијае и врз зголемувањето на продуктивноста на сточарското производство и на севкупниот развој на гранката.

Дополнително ќе придонесе за развој на целокупната млечна индустрија, преку зголемување на приносите од сурово млеко, подобрување на квалитетот, што ќе придонесе за зголемување на количините на млеко.

-Годинава со измените на програмата кои беа во интерес на фармерите, Агенцијата и сточарите потпишаа вкупно се овозможија 68 договори во вредност од 135,5 милиони денари при што ќе се увезат 1460 елитни грла а исто така 1133 грла овци. Овозможуваме формирање на матични стада со висок генетски потенцијал – изјави директорот Бабовски.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов ја потенцираше важноста на карантинот како мерка при увозот на животните. Карантинот е мерка која се спроведува на светско ниво по сите меѓународни стандарди во интерес на здравјето како на животните така и на луѓето:

Ефектите од овој проект се очекуваат да се видат веќе за неколку месеци – изјави Драган Илиевски, директор на суровина во Млекара АД Битола.

Може да ви се допадне

Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Кои раси се најчувствителни на маститис кај млечните крави?
Таг:биковиБимилккарантинлоговардистелни јунци
Претходен напис „Хемометал“- Битола нуди одлични можности за набавка на нов трактор на одложено плаќање
Следен напис Порибување со крап, на рекреативната зона „Акумулација Стрежево”
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?