Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Белград последни подготовки за Првиот меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Во Белград последни подготовки за Првиот меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“
Саеми и манифестации

Во Белград последни подготовки за Првиот меѓународен саем „Винска визија Отворен Балкан“

Објавено 29/08/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Белград течат последните подготовки за Првиот меѓународен саем Винска визија Отворен Балкан. Во главниот град на Србија по улиците веќе се веат знамињата на Србија, Северна Македониј и Албанија, чии влади се организатори на оваа голема манифестација, јави дописникот на МИА од Белград.

Српската Влада веќе најави дека од 1 до 4 септември во рамките на Иницијативата Отворен Балкан ќе се одржи оваа голема манифестација, која „ќе ги собере најдобрите производители на виното во регионот и ќе го промовираат Балканот како се повеќе барана винска и туристичка дестинација, што претставува конкретен чекор во остварување на целта на оваа иницијатива, а тоа е заеднички пазар кој подразбира слободен проток на луѓе, стока, капитал и услуги.“

Како што дознава МИА, засега во рамките на манифестацијата на Белградскиот саем се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји од кои 160 излагачи од Србија, 26 од Албанија, додека 47 излагачи ќе дојдат од Северна Македонија. Покрај земјите-членки на Отворениот Балкан, се очекуваат изложувачи и од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Франција, Чиле, Аргентина, Италија, Романија, Молдавија, Јужна Африка и други земји. Со оглед дека и храната ќе биде во фокусот, како вид традиција, ќе има по пет мастер шефови од Северна Македонија, од Србија и од Албанија, како и специјален гостин изненадување. На манифестацијата ќе има купувачи од ЕУ, САД, Кина и други земји од Истокот. Вкупно 300 метри квадратни, се резервирани за туризмот.

-„Винска визија Отворен Балкан“ свечано ќе биде отврен на 1 септември од претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ и премиерите на Северна Македонија и Албанија, Димитар Ковачевски и Еди Рама, а за 2 септември планиран е и лидерскиот самит.

Српкиот претседател за Саемот најави присуство и на министрите за надворешни работи на Унгарија и Турција, а се очекуваат и други високи гости.

На Саемот на храна, вино и туризам на Отворен Балкан во Белград од земјава ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии, кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Истовремено, стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи, изјави вчера премеирот Димитар Ковачевски.

Од македонска страна ќе се презентира и фолклорот, ќе има изработка на бисери и филигран, а на 2 септември во Белград ќе биде организирана и Македонска вечер, чиј домаќин е премиерот Димитар Ковачевски, на која се очекува да присуствуваат 500 гости.

За време на Саемот посетителите ќе имаат можност да посетат различни тематски дефинирани сали, ќе можат да се едуцираат и да научат сè што сакаат да дознаат за историјата и потеклото на виното, процесот на производство, видовите на вино, конзумацијата и да ги вкусат и да купат некои од најубавите вина на Балканскиот регион и светот.

За време на четиридневниот настан ќе се организира меѓународно оценување на виното „Отворен Балкан-вински трофеј“. Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Master of Wine“ која е најпрестижна титула во светот на виното.

-Србија организираше и го покани Фалстаф, кој е еден од најголемите списанија за промоција на вино во Европа и светот. Тука е и Декантер. Она што го видовме, што се покажа во последните години е дека научивме да правиме доста добро вино. Ајде сега да се обидеме да пробаме да научиме да правиме и добар бизнис од виното, да покажеме дека ова не е регион само на проблеми, дека не е регион што создава проблеми, туку регион што создава решенија, што создава нови можности, пред се нови деловни можности за своите граѓани, изјави Марко Чадеж, претседател на Стопанската комора на Србија (ПКС).

На саемот ќе учествуваат и 44 дестилерии, од кои едната е од Албанија и три од Северна Македонија, а оценка за квалитетот ќе даде седумчлена комисија.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Во Вински музеј Кавадарци се одржа Гурмански викенд
Претходен напис До среда нестабилно време со пороен дожд
Следен напис Дизелот поскапува за три денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?