Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Ковачевски: Поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата
Шумарство и водостопанство

Ковачевски: Поддршката на земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата

Објавено 29/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

-Со капитални инвестиции во изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување и со мерките од „Национален план за производство на храна“ ќе обезбедиме максимално искористување на секоја педа обработливо земјоделско земјиште за зголемување на домашното производство на храна во време на криза.

Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски, кој вчера во Општина Ранковце присуствуваше на пуштањето во употреба на системот за наводнување „Славишко поле“, организиран и модерен систем за наводнување на земјоделските површини, со што се обезбедува одржливо производство за земјоделците од регионот.

Премиерот Ковачевски, како што соопштија од владината Прес-служба, упати благодарност до делегацијата на Европската Унија со чија финансиска поддршка во вредност од близу 1,8 милиони евра е изграден системот, како дел од проектот на ИПА за изградба на мали нискотрошковни системи за наводнување во повеќе региони во државата, чија што вкупна вредност е околу 10 милиони евра.

– Постоечкиот систем за наводнување беше нефункционален, со минимален капацитет за наводнување од само 40 хектари. Сега со новиот систем ќе се наводнуваат 200 хектари обработливо земјоделско земјиште кое го обработуваат околу 500 домаќинства од селата Псача, Петралица и Гиновци, подвлече Ковачевски.

Тој посочи дека системот ќе придонесе за рационално искористување на водата од Крива Река, со што се обезбедува достапна вода за наводнување на земјоделските посеви во текот на целата година, што ќе влијае на подобрување на земјоделското производство во квантитет и во квалитет.

– Крајниот резултат е да се обезбеди што повеќе храна, особено за време на криза, истакна Ковачевски, додавајќи дека системот „Славишко поле“ е само една од многуте инвестиции на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Тој потсети дека во изминатите пет години ресорното Министерство вложува во капитални инвестиции во изградба и реконструкција на брани и системи за наводнување, чија вредност е близу 230 милиони евра.

– Првпат донесовме „Национален план за производство на храна“, кој содржи конкретни мерки за поддршка на овој важен сектор во време на криза, и планот веќе се реализира. Тоа се мерки за зголемено производство на домашна храна, за увозна независност, мерки со кои ги поттикнуваме земјоделците максимално да ги искористат сите ресурси, секоја педа обработливо земјоделско земјиште, за да произведат повеќе, рече Ковачевски, нагласувајќи дека предвидените мерки на среден рок ќе придонесат за зголемување на домашното производство на пченица за околу 30.000 тони.

Премиерот Ковачевски нагласи и дека ова значително ќе влијае врз намалување на увозот и дека поради очекуваната тешка зима, земјоделството и менаџирањето со енергетската криза остануваат врвни приоритети на Владата.

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Шест грла говеда од Крива Паланка залутале во Бугарија, локалниот проблем стана меѓународен
Магла има на планинските премини Плетвар , Ѓавато и планинскиот превој Крушево, снег со слаб интензитет на патот Крива Паланка – Деве Баир
(ВИДЕО)Телма: Kрави на слобода, жители на протест, а надлежните не го решаваат проблемот во Крива Паланка
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:ковачевскикрива паланкаранковце
Претходен напис Подготвен „Национален план“ за стабилно снабдување со храна од домашни извори и во соработка со партнерите од „Отворен Балкан“
Следен напис Европските фабрики за ѓубрива го намалуваат производството на амонијак поради високите цени на гасот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?