Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чадеж: Србија, Северна Македонија и Албанија, раст на трговската размена и единствен пазар на труд
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Чадеж: Србија, Северна Македонија и Албанија, раст на трговската размена и единствен пазар на труд
Агровест

Чадеж: Србија, Северна Македонија и Албанија, раст на трговската размена и единствен пазар на труд

Објавено 26/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Србија во првата половина од годинава ја зголемила трговската размена со осум земји од регионот за 34 отсто во однос на истиот период лани, изјави претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, јави дописникот на МИА од Белград.

Чадеж за ТВ „Блумберг Адриа“ изјави дека трговската размена со шест балкански земји, Хрватска и Словенија во првите шест месеци од 2022 година изнесува 4,7 милијарди евра.

– Размената со сите земји што ги споменавме расте, не за 10 или 20 проценти, туку за 34 отсто, рече Чадеж.

Зборувајќи за трговската соработка со Северна Македонија, тој рече дека во истиот период обемот на размена е зголемен за 28,2 проценти, додека со Албанија растот е 15 отсто.

Според него, растот е резултат на олеснета трговија и поедноставување на процедурите, а следна цел е трите пазари да станат единствен пазар на труд.

– Заеднички проблем на економијата на Западен Балкан е недостатокот на работна сила, па Коморскиот инвестициски форум на Западен Балкан (КИФ ЗБ6) ќе ги повтори своите иницијативи до владите од регионот за поедноставување на процедурите за доаѓање на странски работници за да што е можно поскоро почне да функционира заедничкиот пазар на трудот, не само во рамките на земјите од Иницијативата Отворен Балкан, туку и во другите економии од Западен Балкан, изјави Марко Чадеж, се наведува во соопштението на ПКС.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Албанија напредува во преговорите со ЕУ – Рама и Кос: Европската интеграција влегува во одлучувачка фаза
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Таг:албанијаработна силасрбија
Претходен напис Заглавен извозот на житарки од Србија поради нискиот водостој на Дунав
Следен напис Од пазарот се повлекува небезбедна серија на органски сок од брендот ХИПП
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?