Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени – Европа ја очекува суша и на есен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агропрогноза > Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени – Европа ја очекува суша и на есен
Агропрогноза

Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени – Европа ја очекува суша и на есен

Објавено 25/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени, покажа августовското издание на билтенот на Европската комисија JRC MARS – Crop Monitoring in Europe. Екстремно топлите и суви временски услови во поголемиот дел од Европа продолжија значително да ги намалуваат прогнозите, кои веќе не беа добри и во јули.
Најпогодени се пченката за зрно (-8,6 отсто на ниво на ЕУ), сончогледот (-5,5 отсто) и сојата (-9,6 отсто). Тековните прогнози за принос за овие култури се под петгодишниот просек, помеѓу 12 проценти (сончоглед) и 16 проценти (пченка за зрно).

Извор/Европска комисија

Од друга страна, топлите и сушни услови беа погодни за жетвата на зимските посеви, што доведе до благо подобрување на прогнозите за родот.

Најпогодени области

Шпанија, Франција, централна и северна Италија, централна Германија, Унгарија, Романија, Словенија и Хрватска се меѓу најтешко погодените региони во Европа. Во извештајот се наведува дека и пред екстремните горештини и сушата, овие региони биле погодени од продолжен недостиг на дожд.

Периодите на воден и топлински стрес делумно се совпаѓале со чувствителните фази на цветање и оформување на зрната. Оваа комбинација резултирала со неповратно изгубен потенцијал за принос. Неколку земји воведоа мерки за ограничување на употребата на вода за наводнување.

Во некои региони, како што се северозападна Италија и јужна и централна Шпанија, многу ниските нивоа на вода во резервоарите не беа доволни за да се задоволат потребите за вода на земјоделските култури, а некои полиња повеќе не се наводнуваат.

Исто така, во повеќето делови на континентот ваквото време негативно се одрази на пасиштата.

Во земјите од Бенелукс, западна Германија, западна Полска, источна Словачка, Бугарија и јужна Украина, недостатокот на врнежи во комбинација со повремени високи температури, исто така, негативно влијаеше на летните култури и имаше негативен ефект врз изгледите за принос.

Додека недостатокот на врнежи беше погоден за жетвата на зимските култури во повеќето земји, забележителниот вишок во Летонија и Литванија негативно влијаеше на зимските посеви во последните фази на созревање на житарките и предизвика одредено доцнење на почетокот на жетвата.

Суша и на есен

Извештајот дава и временска прогноза до 27 август. Така, влажни услови со акумулирани врнежи меѓу 40 и 120 мм се прогнозираат во Британија, голем дел од Скандинавија, мал дел од европска Русија, поголемиот дел од Полска, Словачка, Унгарија, источна Хрватска, западна Романија и делови од Западен Балкан, како и јужна Германија, Алпите и северниот дел на Италија. Се предвидува дека овие региони ќе имаат меѓу 3 и 8 дена со врнежи над 5 мм, додека само до 2 такви денови се предвидени за остатокот од Европа.

Според долгорочната временска прогноза за септември, октомври и ноември, во поголемиот дел од Европа во септември најверојатно ќе останат потоплите услови и веројатно ќе продолжат и во октомври. Посуви од нормалните услови се предвидуваат за Пиринејскиот полуостров, делови од западна Европа и мали области од централна Европа и на Балканот.

Може да ви се допадне

Попладне нестабилно време со пороен дожд, грмежи и локално невреме
Сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне нестабилно време
Невреме се приближува кон Македонија: Метеоролозите предупредуваат на дожд, грмежи и силен ветер – еве кога ќе биде најизразено!
Променливо облачно време со сончеви периоди до крајот на неделава
Таг:есен MARSпрогноза
Претходен напис Украинскиот извоз на земјоделски производи преполовен од почетокот на војната
Следен напис Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?