Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Научниците потврдија дека луцерката е идеално растение за садење на неплодната почва на Марс
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Научниците потврдија дека луцерката е идеално растение за садење на неплодната почва на Марс
Магазин

Научниците потврдија дека луцерката е идеално растение за садење на неплодната почва на Марс

Објавено 25/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Условите на Црвената планета се навистина сурови, а исклучок не е ниту земјиштето на неа. Почвата не само што е посна и без органска материја и корисни микроорганизми, туку е и многу заситена со соли и минерали непогодни за повеќето растенија на Земјата. Меѓутоа, ново научно истражување предлага решение – луцерка.

Способна не само да преживее, туку и да се развива во вулканска почва со сличен состав на онаа што го покрива Марс, научниците веруваат дека таа може да претставува исклучително добра основа како почетна култура, пренесува Sajns Alrt.

Со текот на времето, луцерката би ја подобрила почвата на плантажите каде што се одгледува, а нејзините остатоци освен за храна би можеле да се користат и за ѓубрење и дополнително збогатување на почвата каде подоцна би можелo да се одгледуваат репка, ротквици и зелена салата.

„Поради ниската содржина на хранливи материи во почвата на Марс и високиот салинитет на водата, културите не би можеле да се одгледуваат. Затоа, од суштинско значење е да се зголемат хранливите материи во почвата и да се намали салинитетот на долг рок“, се наведува во новата студија објавена во списанието Plos One.

Претходните истражувања покажаа дека дури и оние екстремно издржливи растителни култури од Земјата не можат успешно да се одгледуваат без да се донесат и додадат ѓубрива во почвата во која би растеле. Тука стапува на сцена луцерката. Експертите утврдиле дека тоа растение може да расте во реголитот на Марс без додавање ѓубрива.

Тестирано е и како би се однесувал симулираниот реголит од Марс доколку се наѓубри со луцерка. Репката, ротквиците и зелената салата – три билки кои бараат малку одржување, брзо растат и не им е потребно многу вода – успешно се одгледани во него.

Има само еден услов – потребна е свежа, слатка вода. Врз основа на понатамошни експерименти, научниот тим смета дека солената вода од Марс би можела да се третира со бактерии, а потоа да се филтрира низ вулканскат карпа за да се добие свежа, слатка вода потребна за одгледување.

„За прв пат е осмислено интегрирано користење на биоѓубрива и микроорганизми за обработка на базалтниот реголит и солената вода за да се создадат ресурси за одржливо одгледување растенија“, велат истражувачите.

Одгледувањето луцерка на Марс и нејзиното користење за збогатување на почвата би решило многу од логистичките проблеми за транспорт на огромни количини ѓубрива и храна милиони километри до Марс.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:луцеркамарс
Претходен напис Со инвестиција во пластични боксови конзервната компанија „Ларс“ направи големи заштеди во суровина!
Следен напис Украинскиот извоз на земјоделски производи преполовен од почетокот на војната
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?