Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Лозарите и аргатите од Сопот се договорија – Дневницата за берење грозје 1.200 денари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Лозарите и аргатите од Сопот се договорија – Дневницата за берење грозје 1.200 денари
Агровести

Лозарите и аргатите од Сопот се договорија – Дневницата за берење грозје 1.200 денари

Објавено 24/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Лозари и аргати во кавадаречкото село Сопот договорија дневницата за берење грозје од шест до 14 часот да изнесува 1 200 денари. Производителите на грозје, притоа, немаат обврска да обезбедуваат јадење за берачите.

Според организаторите на заедничкиот состанок, ваков договор бил неопходен во врска со надницата на аргатите, за и двете страни да знаат како да постапуваат понатаму.

-Важно е доследно да се применува договореното. Таква пракса досега не се применуваше, секој си го гледаше сопствениот интерес, уривајќи ја вообичаената надница што дотогаш важела. Да се надеваме дека ќе бидеме доследни, велат за МИА сопственици на лозови насади.

Лозари претходно изјавија дека се одлучиле на ваков чекор, бидејќи завчера аргати береле грозје за дневница од 1.200 денари, а вчера барале 1.500 за работа од шест до 12 часот.

-Што е многу, многу е. Сакаме договор за да се знае цена и работно време. Свесни сме дека тие што имаат помалку грозје несакајќи прават пореметување на цената за аргатска работа, бидејќи за да го оберат побрзо малиот род спремни се да платат и поскапо. Но, со тоа им создаваат проблеми на тие што живеат од лозарство и се регистрирани земјоделци со големи плантажи лозови насади. Не знаеме дали ќе успееме во нашата намера, ама барем ќе се обидеме, истакнаа лозарите за МИА.

Во Сопот доаѓаат да берат грозје аргати од Кочани, Штип, Крива Паланка.

Лозарот Стефан Стојчев кој стопанисува со 30 хектари лозје за МИА рече дека минатата година аргатите кај него береле грозје за 1 000 денари дневница. Аргати од Неготино, пак, се децидни дека лани работеле за дневница од 1.300 денари, годинава за 1.400 денари со нивни превоз и јадење береле грозје од 5.30 до 12 часот. Цената била покачена, оти зголемени биле сите трошоци за живот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:аргатигрозјеСезонски работници
Претходен напис Овоштарите од Преспа утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид
Следен напис Со правилни консултантски услуги до поголем раст на компаниите и креирање нови работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?