Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: IGC го ревидираше глобалното производство на житарки – Намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > IGC го ревидираше глобалното производство на житарки – Намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка
Агровести

IGC го ревидираше глобалното производство на житарки – Намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка

Објавено 24/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Меѓународниот совет за житарки (IGC) го ревидираше вкупното глобално производство и потрошувачка на житни култури во маркетиншката година 2022-23.

Во последниот извештај тие го проектираа вкупното производство на житарки, кое е за 4 милиони тони помало од претходниот месец, а сега изнесува 2,248 милијарди тони. Доколку се реализира, производството би било за 2 отсто помало од претходната година.

Оттаму наведуваат дека намалувањето главно се должи на падот на производството на пченка од 41 милион тони. Истиот тренд се предвидува и за пченицата, за 3 милиони тони во однос на вкупната количина од 778 милиони тони во периодот 2021-2222 година, но е повисок за 8 милиони тони во однос на претходниот месец.
Бројката на вкупната светска потрошувачка на житарки е намалена за 3 милиони тони во однос на претходната проекција на IGC во јули, на 2,274 милиони тони, што е за 1 отсто пониско од минатата година.

Делумно поврзано со повисоките потреби за увоз на пченка во ЕУ, глобалната трговија со оваа стока се проценува на 409 милиони тони, што е за 3 милиони тони повеќе од проекцијата од претходниот месец, но за 15 милиони тони помалку од 2021-2022 година.
Вклучувајќи го падот на пченката, пченицата, јачменот, се прогнозира глобалните залихи да паднат за 4 отсто, на најниско ниво во последните осум години од 577 милиони тони.

Побарувачката за соја расте

Според нив, светското производство на соја во периодот 2022-23 год. може да се зголеми за 11 отсто на годишна основа до рекордни 389 милиони тони, што е поврзано со очекувањата за закрепнување на производството во Јужна Америка.
„Изгледите за раст на употребата на производи од соја во секторот за добиточна храна и прехранбената индустрија треба да се рефлектираат со зголемување на вкупната употреба, на рекордни 379 милиони тони. Се очекува и солидна акумулација на залихи“, посочуваат во извештајот.

Се проценува дека глобалната побарувачка за увоз за оваа земјоделска култура ќе порасне за 8 проценти годишно, при што се очекува извозниците од јужната хемисфера да имаат зголемен удел во трговијата.

Рекордна трговија со ориз

Рекордна трговија со ориз се очекува и во 2022 година, поддржана од големи испораки на пазарите во Азија и Африка. Сепак, глобалното производство во 2022-23 година би можело да биде малку помало во однос на минатата година и да изнесува 514 милиони тони. Потрошувачката, пак, би можела да достигне нов врв, додека натамошен пад се предвидува за залихите (3 милиони тони на годишно ниво).
Индексот на житарки и маслодајни растенија (GOI) на IGC, кој ги мери нивните цени, порасна за 0,5 отсто во однос на претходниот месец, но е зголемен за речиси 9 отсто на годишно ниво.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:производство на житаркипченица
Претходен напис Николовски: Во 2017 година беа исплатени два милиона евра долг кон лозарите
Следен напис Нов скок на цената на дизелот, цената на бензините останува непроменета
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?