Незапомнета суша го погоди целиот слив на реката Јангце во Кина. Тамошното Министерство за водни ресурси ги повика регионите да направат точни проценки за состојбата во погодените области и да осмислат планови за одржување на снабдувањето, вклучително и привремен трансфер на вода, развој на нови извори и проширување на цевководната мрежа, пренесува Агроклуб.
Најголемата кинеска хидроцентрала го зголемила испуштањето вода за 500 милиони кубни метри, а дел од добитокот од областите погодени од суша привремено се преселил во други региони.
Една од мерките е да се испука сребрен јодид во облаците за да предизвика дожд.
Топлотниот бран во Кина сега трае речиси 70 дена, што го прави најдолг од почетокот на целосните мерења во 1961 година, објавија државните медиуми, цитирајќи податоци од Националниот центар за клима. Бројот на метеоролошки станици кои забележаа температура од најмалку 40 Целзиусови степени достигна 262, што е воедно и најголема бројка. Осум од нив забележале температура од 44 степени Целзиусови.
Сушата би можела да трае уште еден месец.
As many as 66 rivers across Chongqing, China, have dried up, according to state broadcaster CCTV. The gov’t put in place a drought ‘yellow alert’ for the country. On top of the dry conditions, China also issued a ‘red alert’ for high temps for the 30th straight day on Friday. pic.twitter.com/yGPF3Yu7OI
— NowThis (@nowthisnews) August 20, 2022
Речиси и да може да се помине целото корито на реката која храни околу една третина од населението во Кина.
Врнежите во Чонгкинг оваа година паднаа за 60 отсто во споредба со сезонската норма, а на земјоделското земјиште во неколку области сериозно му недостасува влага, објави државната телевизија CCTV, повикувајќи се на податоци од локалната власт. Тие, исто така, објавиле дека земјоделските култури во 10 области биле сериозно погодени, пренесува Ројтерс.
Загрозена есенска сеидба
Според Министерството за вонредни состојби, високите температури само во јули предизвикале директни економски загуби од 2,73 милијарди јуани (400 милиони долари), погодувајќи 5,5 милиони луѓе и 457.500 хектари земја. Централната провинција Анхуи, која исто така се потпира на Јангце за снабдување со вода, оваа недела предупреди дека прекумерно сувата почва ќе влијае на 88.000 хектари кои треба да се посеат со житни култури оваа есен.
Пекинг предупреди на зголемен ризик од екстремни временски услови во оваа земја како резултат на климатските промени. Во исто време, обилните врнежи продолжуваат да го земаат својот данок во другите делови на земјата,
