Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европа се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Европа се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните
Шумарство и водостопанство

Европа се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните

Објавено 18/08/2022
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Реките пресушуваат и ги загрозуваат европските хидролектрани и нуклеарни централи Пред четири години нивото на водата во Рајна падна толку многу што оваа многу важна река, која е столб на економијата во Германија, но и во Холандија и Швајцарија, престана да биде пловна во сите нејзини делови. Ситуацијата доведе до прекини во речниот транспорт и трговијата со гориво, суровини и храна, и до загуби од 5 милијарди евра.

Летово истото деструктивно сценарио не само што се повторува, туку се проширува на водотеците низ цела Европа, заканувајќи се со многу поголемо влијание врз нејзината економија. Стариот континент се соочува со суша која има тенденција да ги пресуши реките и каналите, и да ги исцрпи резервите во хидроелектраните. Од Норвешка и Швајцарија до Србија и Романија, властите се загрижени и брзаат да преземат мерки, а од Рајна до Дунав и По, реките пресушуваат.

Ова значи дека Европа ризикува да биде лишена од клучниот извор на енергија среде енергетската криза, да ги изгуби водните патишта кои се важен дел од трговијата, вклучувајќи го и транспортот на гориво, и да настрадаат дури и во специјализираните сектори како туризмот и гастрономијата. Иронично е што реките и каналите се вклучени во плановите на ЕУ.

Најгласните ѕвона за аларм се стигнаа оваа недела од Норвешка, кога министерот за енергетика и нафта Терге Осланд објави дека резервите на вода во хидроелектраните се толку намалени што земјата мора да го прекине извозот на енергија во ЕУ, со цел да обезбеди доволно електрична енергија за своите домаќинства и деловни субјекти. За разлика од многу европски земји, Норвешка забележа зголемување од 25% на домашната потрошувачка на електрична енергија бидејќи е ограничена употребата на фосилни горива и се охрабрува преминот кон електрични возила.

Веста се совпадна со двојните и подеднакво застрашувачки најави на француската енергетска компанија Electricite de France и германската Uniper.

Фото/uniper.energy

Француската енергетска компанија соопшти дека ќе го намали производството во своите нуклеарни централи во близина на реките Рона и Гарона, бидејќи нивото на водата се намали и нејзината температура се зголеми, што ја прави несоодветна за ладење на нуклеарните реактори. Новата пречка доаѓа во време кога околу половина од француските нуклеарни реактори се надвор од функција.

Истиот ден, германскиот Uniper објави дека најверојатно ќе биде принуден да го намали производството во две од своите централи на јаглен бидејќи транспортот преку Рајна е прекинат поради големото намалување на нивото на водата.

Несомнено, прекинот на речната трговија преку Рајна ќе влијае многу на економиите особено на Германија, но и на Холандија и Швајцарија. Во исто време, намалувањето на нивото на водата во реката По на најниските нивоа забележани во последните 70 години влијае на економијата на Италија и на нејзиното земјоделско производство, туризмот, па дури и на нејзината гастрономија.

Река Рајна

Проблемот се почувствува неодамна во баварскиот град Пасау, познат како „градот на трите реки“, бидејќи Дунав формира делта таму, спојувајќи ги водите на Ин од југ и Илз од север. Градот сега е во опасност да го загуби угледот и туристичкиот гламур. На крајот на јули, брод за крстарење долг 135 метри со повеќе од 130 патници, кој вообичаено треба да плови во водите на трите реки, заринка поради нискиот водостој. Така туристите беа принудени со авион да заминат за Букурешт.

„Европските реки не само што ќе добијат лоша репутација како транспортни канали, туку ќе бидат помалку сигурни водни патишта во иднина“. Тоа е предвидување на Фред Хатерман, експерт за хидроклиматски ризици од Институтот за климатски истражувања во Потсдам. Застрашувачка и загрижувачка прогноза, бидејќи европските реки носат приход од 80 милијарди евра главно како водни патишта за транспорт, бидејќи преку нив се транспортираат тони стоки. Несомнено, Рајна е најважната река во Европа, а за Германците речиси има димензија на митолошки симбол. Таа е столб на економијата на Германија, Холандија и Швајцарија со векови Рајна игра клучна улога во транспортот на јаглен до германските електрани и е врска до мрежата на европските внатрешни водни патишта. Околу 58 милиони луѓе живеат во пошироката област на Рајна и ја користат како вода за пиење, за наводнување, за преработка и производство на енергија. Пред сè, таа е незаменлива за некои индустрии, како што се челичарницата Тисенкруп и хемискиот гигант БАСФ, бидејќи е воден пат низ кој горивото, дизелот, јагленот и суровините се транспортираат до нивните капацитети. Рајна исто така има незаменливо транспортно значење, со оглед на веќе застарената инфраструктура на Германија, нејзината вообичаено преоптоварена железничка мрежа, сообраќајниот хаос и подеднакво преоптоварената патна мрежа во земјата. Во моментов водите на Рајна се на пониско ниво од пред четири години, летото 2018. Според Економскиот институт во Кил, тогашниот прекин на трговијата на реката чинеше околу 0,4% од вкупниот германски БДП. Според Нилс Јансен, економист од Институтот во Кил, уште денеска може да се почне да се пресметуваат штетите што ќе ги претрпат германската и европската економија поради падот на нивото водите и пресушувањето на Рајна. Сфаќајќи ја сериозноста на проблемот, Тисенкруп формира тим за одговор на кризи кој секојдневно ја проценува ситуацијата, додека БАСФ бара алтернативни канали за транспорт на суровини и гориво во своите погони. Поврзана со Дунав со канал, Рајна е долга 1.287 километри и минува низ индустриските зони на Швајцарија и Германија пред да се влеее во Северното Море во големото пристаниште Ротердам во Холандија. Што се однесува до Дунав, падот на неговите води предизвика тревога во Бугарија, Романија и Србија. Во трите земји итно се ангажираат багери, се вршат мерења на дното и длабочината за да се утврди можноста за пловидба на бродовите. Резултатот засега е дека бродовите чекаат во ред со денови.

Осло е загрижен Истакнувајќи ја загриженоста на Норвешка поради влијанието на се помалите резерви на вода, министерот за нафта и енергија Терге Осланд на почетокот на неделава истакна дека „владата дава приоритет на полнење на хидроенергетските капацитети и ќе го запре извозот на енергија кога резервите ќе се смалат на многу ниско ниво“.

Загрижен за нивото на водата во Дунав, српскиот министер за инфраструктура истакна дека „од клучно значење за снабдувањето со енергија е Дунав да остане пловен, бидејќи товарните бродови низ реката превезуваат јаглен за работа на термоелектраните кога е намалено производството во хидроцентралите“.

Дунав, фото/Facebook

Претходно оваа недела, францускиот енергетски гигант EdF објави дека привремено го намалува производството во своите нуклеарни централи на реките Рона и Гарона, бидејќи зголемените температури на водата ги прават несоодветни за ладење на нуклеарните реактори.


Може да ви се допадне

ИЕА: Светот се соочува со најголемата енергетска криза во историјата поради конфликтот со Иран
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
ИЕА: Конфликтот на Блискиот Исток ја создава најголемата енергетска криза во светската историја
Ќе нема енергетска криза, подготвени сме и работиме тоа да не се случи, вели Мицкоски
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
Таг:дунавенергетска кризарајнахидроцентрали
Претходен напис Битиќи: Леб ќе има по пристојни цени, можно е активирање на стоковните резерви
Следен напис Глобалните залихи на пченица на најниско ниво во последните шест години, производството се зголемува
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?