Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да ја избегнете монилијата на плодовите на јаболкниците и крушите?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Како да ја избегнете монилијата на плодовите на јаболкниците и крушите?
Совети

Како да ја избегнете монилијата на плодовите на јаболкниците и крушите?

Објавено 16/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во времето на берба често можеме да видиме плодови од јаболки и круши кои почнале да гнијат, да ја менуваат бојата. Постојат многу причини кои можат да доведат до оваа појава, од недостаток на хранливи материи, недостаток на влага во почвата, оштетување од штетници до појава на болести.

Најчесто се работи за симптомите на болеста предизвикана од габата Monilia fructigena. Овој патоген ги напаѓа плодовите во последните фази на раст, предизвикувајќи нивно гниење и распаѓање. Оттука и името на болеста монилоза или монилозно гниење на плодовите. Може да уништи и до 80 проценти од родот, бидејќи колку се позрели плодовите, толку се поподложни на болести.

Опасното заболување се шири брзо

Кога ќе се појави, брзо се шири и може да зарази голем број јаболкници и круши, но се јавува и кај дуњата и коскестото овошје. Топлото и влажно време е погодно за ширењето на патогени и инфекции.

Оптимално време за појава на оваа болест е кога има дождлив период по низа топли денови. Во овие услови растението, а со тоа и плодот, наеднаш впива вода, што доведува до појава на мали пукнатини на покожицата, кои се влез за инфекција. Оптималната температура е помеѓу 15 и 20ºC.

Габата презимува во гнили плодови кои паѓаат на земја или се сушат и остануваат во крошната како мумифицирани, од каде што во пролет се ослободуваат спорите кои предизвикуваат инфекција.

Инфекцијата може да се пренесе од заразен на здрав плод. Самиот патоген се развива во плодот, чие месо станува кафеаво и гние, а на површината се појавуваат спори кои дополнително ја шират болеста. Може да предизвика и гниење на плодовите во складиштето.

Освен на плодовите, напролет се појавува и на листовите, гранчињата и цветовите кои се сушат.

Заштита

Најдобра заштита на плодовите е спроведување на превентивни мерки. За садење треба да изберете отпорни сорти, но имајте предвид дека не постои 100 проценти отпорна сорта. Никогаш не треба да ги засадувате садниците премногу густо. Овоштарникот мора да има добра вентилација и провев на крошната. Потребно е редовно да се врши кроење и отстранување на паднатите и мумифицирани плодови, како и исушените гранки и листови. Инфицираните гранки треба да се исечат до здравиот дел. Заразените плодови се главниот извор на инфекција.

Користете стерилни ножици за кастрење и не претерувајте со ѓубрење

Во есен и пролет, додека не започне вегетацијата, стеблата се третираат со средства на база на бакар. На почетокот на растот на плодовите, кога се со големина на зрно грашок, можеме да ги третираме со раствор од јод. За негова примена ќе ни требаат 40 капки јод и 10 литри вода.

Голем број природни средства се фокусираат на контрола на штетниците, особено лисните вошки, во текот на пролетта. На тој начин го спречуваме оштетувањето на младите плодови и развојот на сивата габа. Се користат средства на база на лута пиперка, сенф, пелин.

Од биолошките средства се користат оние кои ја уништуваат структурата на габата и немаат негативен ефект врз растението и плодовите. Кога станува збор за синтетички фунгициди, се користат средства на база на ципродинил или мешавина од ципродинил и флудиоксонил.

Активната материја ципродинил во органите на растенијата спречува појава на инфекции, раст на габата во почетните фази по инфекцијата.

Третманот со фунгициди се врши во пролетниот период според упатствата. Ако монилиозата ги зафатила плодовите, третирањето се изведува 20 до 30 дена пред бербата, во зависност од нанесеното средство.

Може да ви се допадне

Болести на виновата лоза во период на формирање и зреење на грозјето
Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Таг:крушимонилија
Претходен напис Отворен повик за прибирање идеи за кофинансирање активности/инвестиции
Следен напис Николовски: Ова е година во која државата до денар ќе расчисти со долговите кон земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?