На територијата на општина Дебрца в среда ќе се изврши теристичка дезинсекција против комарци, соопшти општинската прес-служба.
Запрашувањето, како што е наведено, ќе се врши во период од 21 часот до 06 часот следниот ден со апарат за УЛВ ладно запрашување.
– Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општината, подрачјето на река Сатеска, локалитетите со застојни водени површини, урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата, стои во информацијата.
Општина Дебрца апелира до пчеларите и пчеларските задруги да преземат соодветните мерки за заштита на пчелите. Во случај на неповолни временски услови (ветар, дожд) дезинсекцијата ќе биде одложена за следниот поволен ден.
