Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Одобрена првата мобилна кланица за живина во ЕУ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Одобрена првата мобилна кланица за живина во ЕУ
Агровести

Одобрена првата мобилна кланица за живина во ЕУ

Објавено 08/08/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Органска фарма во германската област Оденвалд, во сојузната покраина Хесен, го доби првото одобрение од Европската Унија за мобилна кланица од регионалниот совет на Дармштад, пренесува Топаграр.

„Со мобилното колење избегнуваме транспорт на животни и ова е пионерска работа“, рече државниот секретар за земјоделство Оливер Конз. Тоа им овозможува на фармите директно да продаваат месо, но и да го преработат во производи кои можат подобро да се пласираат на пазарот.

Во декември 2021 година, Хесен со декрет ги регулираше условите под кои кланиците за живина можат да работат во поголем обем во согласност со хигиенските стандарди на Европската Унија. Ова го означи почетокот на пилот-проектот што многу земји внимателно го следат.

Сега е одобрен објект долг 8 метри, кој има интегрирано складиште за ладење и дневен капацитет за колење директно на фармата за најмногу 600 бројлери или несилки, до 250 гуски или патки или 25 мисирки.

Времетраењето на работната дозвола е ограничено на три месеци. Регионалниот совет на Дармштад ќе одлучи за негово евентуално продолжување по инспекција за време на работата на кланицата.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:мобилна кланица
Претходен напис Во што е тајната на успешното одгледување босилек?
Следен напис Трошоците на живот во јули со раст од 1,9 проценти на месечно, а за 16 отсто на годишно ниво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?