Ивана и Матија Паниќ во лето, од нивното село помеѓу Нова Градишка и Славонски Брод оделе во Истра на сезонска работа.
Ивана завршила средно економско училиште, а Матија по професија е машиновозач, кој никогаш не возел воз, туку поставувал керамика. Заработката не ја трошеле на забава и разонода, туку на купување ниви, надевајќи се дека еден ден ќе имаат нешто свое.

Така преку заедничко вложување во 2014 година отвориле семејна фарма.
Почнале со застарена механизација и малку земја – недоволно за сериозна земјоделска приказна, па морале да продолжат со сезонска работа.

-Почнавме многу работи, чувавме овци, црни словенски свињи… Сакавме прво да одгледуваме аронија, но послушавме пријател кој има расадник, малку учевме и решивме да засадиме нешто што другите го немаат – дуњи. Се разбира, луѓето не гледаа чудно, прашуваа што ќе ни се дуњите, а баба ми коментираше: Боже, полудеа ли? Мислевме дека ќе застанеме на 300 садници, но потоа засадивме уште илјада, па две, три илјади – велат 30-годишната Ивана и 31-годишниот Матија.
Интересно е што сега, со 4 хектари под дуњи и принос кој, кога овоштарникот ќе биде во полн плод ќе биде од 50 до 60 тони по хектар, се најголемите производители на ова овошје во Хрватска. Извезуваат главно во Словенија и Италија, а поради проблеми со наплатата, на хрватскиот пазар останува само мал дел за преработка во овошни ракии.

Првиот род го чекале пет години, но очигледно се исплатело. Планираат да засадат дуњи на уште 2 хектари земја. Покрај ова овошје, одгледуваат и лешници на нешто повеќе од 3 хектари земја, а имаат и сливи, како и соја – на 2 хектари.
Извор: vecernji.hr
