Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати, и со поддршка на компаниите во услови на економска и енергетска криза
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати, и со поддршка на компаниите во услови на економска и енергетска криза
Агросектор

РБСМ во првата половина од 2022 година со позитивни резултати, и со поддршка на компаниите во услови на економска и енергетска криза

Објавено 05/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Развојна банка на Северна Македонија АД Скопје (РБСМ), како единствена развојна банка во целосна државна сопственост, и во првата половина од 2022 година оствари позитивни резултати, ставајќи го целиот свој финансиски и оперативен капацитет во функција на остварување на основната цел за која е формирана – поддршка на развојот на македонското стопанство во согласност со стратешките политики, цели и приоритети на државата.

Во услови на закрепнување на домашното стопанство од здравствената и енергетската криза, активностите на Банката оваа година се во знакот на поддршка на деловните субјекти во насока на намалување на последиците од економската и енергетската криза предизвикана од геополитичките случувања, со цел, полесен пристап до ликвидни средства.

Во периодот од 01.01-30.06.2022 година, Банката работеше согласно усвоениот финансиски план, развоен план и деловна политика за тековната година, и оствари позитивен нето-финансиски резултат од 45 милиони денари (732 илјади евра), што е речиси двојно повеќе во однос на остварениот резултат во истиот период од 2021 година. Вкупната актива на Банката е зголемена за 43% и изнесува 16,4 милијарди денари, со соодветен раст на кредитното портфолио од 54%, и на изложеноста по основ на факторинг услугата од 200%.

Во првата половина од годината, РБСМ ги повлече последните три транши од ЕИБ 6 кредитната линија во износ од 40,8 милиони евра, со тоа што сите 100 милиони евра од оваа кредитна линија се веќе ставени во функција на поддршка на малите и средни компании. Паралелно, Банката воведе нови кредитни линии и ги олесни условите на кредитната линија за агросектор:

Бескаматна кредитна линија за обртни средства за компании погодени од енергетската и економската криза

Бескаматна кредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички

Kредитна линија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – Кредит за ЕЕ и ОИЕ

Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја реинвестирале добивката – Субвенционирање на камата

Кредити за агросектор-КФ

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
ПроКредит Банка и ЕФСЕ со нова Агро кредитна линија со грант поддршка до 1.000 евра за земјоделските производители
Таг:Кредити за агросектор-КФРазвојна банка на Северна МакедонијаРБСМ
Претходен напис Расте производството на лажни пестициди во Европа – откриена е и фабриката
Следен напис Почна поставувањето на мерни станици за смарт земјоделство во Тиквешкиот Регион
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?