Министерот Николовски извести дека е продолжен рокот за поднесување барања за директни плаќања во органското земјоделско производство до 15.08.2022.
„Со измените на Програмата за финансиска поддршка излегуваме во пресрет на земјоделците, со цел сите земјоделци во органското производство да можат навремено да го остварат правото на субвенции.“, рече Николовски.
