Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Што се случува на светскиот пазар на млеко?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Што се случува на светскиот пазар на млеко?
Пазари

Што се случува на светскиот пазар на млеко?

Објавено 02/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Високите цени на инпутот го спречуваат растот на европското производство. Што се случува на светскиот пазар на млеко?

Сè помалку млеко има на меѓународниот пазар. Производството е помало од истиот период лани, а промената во овој сектор е едвај видлива. Тоа доведе до големо поскапување на млечните производи, , пишува Агрархеуте.

Американското Министерство за земјоделство (USDA) ја намали проценката за 2022 година. Се очекува производството на сурово млеко во тековната година да достигне 545,2 милиони тони за 18-те земји кои се разгледуваат. Ова е за 4,2 милиони тони помалку отколку што беше предвидено во декември. За прв пат се предвидува дека глобалното производство на оваа храна ќе се намали во однос на претходната година за неколку стотици илјади тони.

Помали количини од Австралија, Нов Зеланд и ЕУ

Големите извозници имаа помали количини за преработка. Поради поповолните временски услови и пасиштата во Австралија и Нов Зеланд, може да се очекува закрепнување на производството. Со 21,88 милиони тони производството ќе остане нешто под нивото од претходната година во Нов Зеланд. Во Австралија ќе се намали за три отсто на 8,73 милиони тони, покажуваат податоците.
За Европската Унија се очекува намалување од 1,9 отсто на 142,3 милиони тони поради намалување на бројот на крави, наглото зголемување на трошоците и регионално послабото снабдување со добиточна храна поради сушата. Се очекува дека во САД во 2022 година ќе остане малку под нивото од претходната година, додека растот на количините ќе биде поголем во Кина и Индија поради поголемиот број добиток.

Скапо производство во ЕУ

Европската комисија ја презентираше прогнозата за краткорочниот развој на пазарот за оваа намирница. Се очекува испораките на кравјо млеко во млекарниците во 2022 година да паднат за околу 900.000 тони, што е 0,6 отсто, на 144,2 милиони тони во однос на претходната година.

Помалата понуда на суровини ќе биде одговорна за намалувањето во Германија, Франција и Холандија, а ќе се зголеми во Полска и Австрија. Комисијата во својот извештај наведе дека високите производствени трошоци и недоволното количество храна за животни ќе го забават растот и покрај високите цени на производите.

Може да ви се допадне

АХВ: Утврдени манипулации во декларираните проценти на млечни масти во преработки од млеко
Трипуновски: Согласно податоците на ДЗС бележиме раст во производството на кравјо и овчо млеко во 2025
Македонското земјоделство низ бројки: Повеќе тутун, сончоглед, јајца и млеко, сè помалку жито, зеленчук и овошје
Кои услови треба да ги исполнуваат откупните места за откуп на СУРОВО МЛЕКО
Малите производители на млеко во Австрија добиваат месечно 1.700 евра поддршка од државата
Таг:млеко
Претходен напис (ВИДЕО) Круговите во житото на англиските ниви повторно ја заинтригираа јавноста – Додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета
Следен напис Платежна агенција: До 31 август трае пријавувањето за дополнителни субвенции за оризова арпа и јаболка
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?