Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Круговите во житото на англиските ниви повторно ја заинтригираа јавноста – Додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > (ВИДЕО) Круговите во житото на англиските ниви повторно ја заинтригираа јавноста – Додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета
Магазин

(ВИДЕО) Круговите во житото на англиските ниви повторно ја заинтригираа јавноста – Додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета

Објавено 02/08/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Деновиве на YouTube каналот Stonehenge Dronescapes беше објавено видео од имресивните кругови во житото снимени од воздух. Тие се појавиле во близина на малото село Вест Стоуел во англиската област Вилтшир. Златните полиња ги красат четири интересни кругови кои уште еднаш ја заинтригираа јавноста, особено оние кои веруваат во разни мистерии.

Овој феномен првпат е забележан во 70-тите години на минатиот век, токму во Англија. Врвот на ваквите случаи беше во 80-тите години, се појавија и во 90-тите и подоцна, но спорадично, во САД, Австралија и други земји во светот.

Многумина видоа вонземска активност во нив, а Артур Кларк ги опиша во својата книга Мистерии на светот, заедно со други чудни, тогаш необјаснети настани.

Тајната на англиските кругови беше откриена во септември 1991 година кога британскиот весник „Тудеј“ објави сторија на насловната страница со наслов „Луѓето кои го измамија светот“, откривајќи дека двајца пријатели од Саутемптон тајно направиле повеќе од 200 патерни во текот на претходната деценија.

Даг Бауер, тогаш 67-годишен, и неговиот 62-годишен пријател Дејв Хорли, му признале на новинарот Греам Броу дека кон крајот на 1970-тите почнале да користат дрвени штици со јажиња прицврстени на секој крај за да ги притиснат круговите во посевите. Со раце ги држеле јажињата, а со нозете ги притискале штиците. На крајот се забавувале гледајќи како нивните лудории, за кои никој не знаел, привлекуваат огромно медиумско внимание, а имитаторите ширум светот почнле да ги копираат, пишува Њујорк Тајмс.

Без оглед на се, круговите сè уште привлекуваат големо внимание.

И додека некои гледаат убавина, други, јасно, гледаат штета. Така, на фејсбук-страницата Stonehenge Dronescapes, кога објавуваат фотографија од овогодинешните кругови на земјоделските култури, има и такви кои коментираат дека земјоделците не сакаат луѓето да влегуваат во нивните ниви.

„Во моментов посевите сè уште може да се жнеат, но ако луѓето одат по него, веќе нема да може. Во прехранбена криза“, предупредува Пол Тимлет.

А како изгледаат круговите од воздух, погледнете во видеото:

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:кругови
Претходен напис Спреј од листови од домати – Природна заштита од лисни вошки
Следен напис Што се случува на светскиот пазар на млеко?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?