Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица
Агровести

Бабовски: Засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во Моштица

Објавено 27/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски соопшти дека се засилени мерките против африканската свинска чума по потврдениот нов случај во селото Моштица. Бабовски, кој денеска веднаш замина на терен и имаше средба со надлежните од локалната самоуправа, порача граѓаните да бидат мирни и спокојни зашто болеста, нагласи, не е зооноза, односно се јавува само кај домашните и дивите свињи, а не и кај луѓето.

Опасноста, подвлече, е во несовесното однесување – ако некој посетува ловишта и фарми каде има африканска чума, па може лесно да ја пренесе на друга фарма или ловиште. Како што информира директорот на АХВ, издадено е ново Решение со кои се наложува преземање контролни и заштитни мерки за сузбивање на африканската свинска чума во заштитната зона околу жариштето, кое ги вклучува населените места Моштица, Македонска Каменица, Косевица, Саса, Цера и Костин Дол во Македонска Каменица.

– АХВ ги презема сите потребни активности, а за новото жариште се известени и Светската организација за здравствена заштита на животните (ОИЕ) и Европската комисија. Нашите стручни лица се на терен. Знаеме како да се справиме со оваа подмолна болест која во поновата историја е најголемата пандемија кај домашните и дивите животни. Ако е веќе еднаш присутна, поради високата отпорност на вирусот, секогаш претставува опасност. Но, досега реагиравме навреме, сигурен сум дека и овој пат успешно ќе се справиме, нагласи Бабовски по враќањето во Скопје.

Тој рече дека на одгледувалиштето во Моштица се спроведени сите потребни мерки за уништување на вирусот, а во тек е и спроведување епидемиолошка истрага за утврдување на причинителот. Мерки се преземаат и во зоната под надзор во радиус од 10 километри околу жариштето, која ги опфаќа општините Виница (со населеното место Калиманци), Кочани (со населените места Пресека, Небојани, Главовица, Костин Дол, Безиково и Ново Село), Делчево (со населените места Илиово и Вратиславци), како и Македонска Каменица (со населените места, Луковица, Дулица, и Тодоровци).

– Во заштитната зона околу потврденото жариште се спроведуваат следниве мерки: попис на сите одгледувалишта на свињи и идентификација на сите свињи во рок од пет дена, епидемиолошко испитување во сите заразени и сомнителни одгледувалишта на свињи за да се утврди можниот извор и ширење на болеста, како и одземање, убивање и нештетно отстранување (депопулација) на сите свињи кои се наоѓаат во заштитната зона, нагласи Бабовски и додаде дека од одземените свињи ќе се земаат мостри за лабораториско испитување. Согласно мерките, нештетно, рече директорот на АХВ, се отстранува опремата која не може да се дезинфицира (слама, храна и шталско ѓубре како и кујнскиот отпад – помии), а предвидено е и чистење, дезинфекција и дезинсекција на објектите, просториите и возилата кои влегуваат и излегуваат од одгледувалиштата. Според Бабовски, високоризичната зона на болеста ги опфаќа сите општини во пограничната линија со Република Бугарија и Република Србија.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:бабовски
Претходен напис Прифатени барањата на бизнисот за струјата, стапуваат во сила со прогласувањето енергетска криза
Следен напис Времето денеска нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?