Првиот настан на конвивиум „Слоу фуд Охрид“, „Вкусете го Охрид! ќе се одржи во сабота 30.07 2022 од 19 часот на плоштадот „Долна порта“, Охрид.
„Заедно да ги откриеме локалните вкусови од Охридско, да ги промовираме локалниот биодиверзитет на храна и малите производители, чувари на традиционалното знаење во производството на автентична храна, како и младите производители на иновативни производи кои ги произведуваат на одржлив начин.
На „Вкусете го Охрид! … локално“ ќе можете да дегустирате, купите и да се едуцирате за:
-домашна локална храна од охридскиот регион
-органска храна
-традиционални преработени производи
- рачно изработени уникатни сувенири
Понудена директно од производителите со најдобар квалитет и по правични цени.
Да ја преточиме филозофијата на Слоу Фуд во реалност!
ПРОГРАМА:
- Дегустација и продажба на производи
- Едукација за храна
- Забава и дружба
Време: 19-24 часот
Локација: плоштадот „Долна порта“, Охрид, во близина на пристаништето.
Пријавување на производители и повеќе информации:
Катерина Василевска
077 855 155
[email protected]
Настанот е поддржан од: Општина Охрид,
