Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: МЗШВ: Земјоделците не заслужуваат блокади – Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > МЗШВ: Земјоделците не заслужуваат блокади – Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците
Агровести

МЗШВ: Земјоделците не заслужуваат блокади – Собраниската комисија за земјоделство да ги разгледа и донесе предложените закони во интерес на земјоделците

Објавено 26/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во април, до Собранието на Република Северна Македонија поднесе измени и дополнувања на Законот за земјоделство и рурален, како и изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Целта на измените и дополнувањата е да се олесни начинот за аплицирање на земјоделците и намалување на процедурите за добивање на финасиска поддршка преку програмите на министерството за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

Измените на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој овозможуваат нова надлежност и ингеренција на Агенцијата во насока на воспоставување, одржување и управување на базите и регистрите, неопходни за имплементација на мерките за земјоделство и рурален развој, предвидени во Законот за земјоделство и рурален развој, и преземање на постапката за упис, бришење и измена на земјоделските стопанства во Единствениот регистер на земјоделски стопанство. Техничката имплементација на овие промени се извршуваат преку проект финансиран од Европската Унија.

Веќе скоро две години овие законски решенија се заглавени во Собранието, а дополнително, од нерабирливи причини, претседателот на собраниската комисија за земјоделство не закажува седница на матичната комисија каде треба да се разгледаат овие две предложени законски измени. Блокиран исто така е и предлог Законот за измена и дополна на Законот за земјоделско земјиште со кој се врши усогласување со Законот за урбанистичко планирање.

Целосно неоправдани се блокадите на законите насочени кон подобрување на правата на земјоделците. Ваквите блокади единствено водат кон отежнување на состојбата во овој сектор.

Истовремено, секоја блокада на заслужената финансиска поддршка, како оваа или пак како блокадата со исплатата на тутунот, во вакви кризи времиња дополнително ја намалува поддршката за македонските земјоделски производи, што може да влијае кон намалување на земјоделските површини и култури, но и кон зголемување на цените на основните прехранбени производи.

Апелираме до претседателот и членовите на комисијата за земјоделство, но и до сите пратеници во Собранието високо во приоритетите да го стават гласот на земјоделците и да ги донесат законите кои го подобруваат и помагаат нивното работење.

Место за политика во земјоделството нема, ниту ќе дозволиме да има. Политичките игри и препукнувања не смеат да бидат на штета по македонските земјоделци. Исправени сме пред сериозна криза, каде простор за блокади и притисоци нема, само заедно и единствени можеме да излеземе од оваа криза да излеземе со помали последици кон македонските земјоделци, а со тоа и кон сите граѓани во државата.

Може да ви се допадне

Пченицата и јачменот во Пелагонија со подобар квалитет од лани
Во јуни годишен раст од 9,9% на вкупните депозити и 13,1% на вкупната кредитна поддршка
Дивиот приклучок не се наоѓал во санитарните зони, туку на околу 800 до 900 метри од последната точка опфатена со дозволата
Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност ребалансот ги засилува капиталните инвестиции и го поддржува економскиот раст
Невремето предизвика пожари, паднати дрвја и прекини на струја во Куманово и Старо Нагоричане
Претходен напис Николовски: Финансиска поддршка за над 45.000 земјоделци со земјоделски буџет од 3,2 милијарди денари
Следен напис Времето денеска нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?