Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саво Квргиќ посеал афион од љубопитност, се надева дека ќе продава „на големо“ – Ако го посеете афионот и веднаш не заврне, можете веднаш да го преорате, вели тој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Саво Квргиќ посеал афион од љубопитност, се надева дека ќе продава „на големо“ – Ако го посеете афионот и веднаш не заврне, можете веднаш да го преорате, вели тој
Магазин

Саво Квргиќ посеал афион од љубопитност, се надева дека ќе продава „на големо“ – Ако го посеете афионот и веднаш не заврне, можете веднаш да го преорате, вели тој

Објавено 26/07/2022
Сподели
3 мин. за читање
Facebook
Сподели
Ad imageAd image

Ретко кој се одлучува за одгледување афион, иако неговата цена за килограм не може да се каже дека е ниска. Земјоделецот Саво Квргиќ од Турија, Бачка, Србија, решил да одгледува афион.

Овој земјоделец минатата есен посеал афион и пред пет дена го ожнеал. Како што вели, афионот се сее како пченица кога дозволуваат временските прилики, а есента и пролетта имало многу врнежи, па афионот убаво никнал и имал густа структура. Важно е, нагласува Саво, афионот да биде сув пред вршидбата, за да не мора дополнително да се суши.

„Го посеав афионот од љубопитност бидејќи никогаш претходно немав сеено, сакав да видам како ќе помине. Тој е многу чувствителен, ако го посеете, а потоа веднаш не заврне, ништо нема да биде од него, па во тој случај треба земјиштето да го преорате и да посеете нешто друго“, вели Квргиќ, кој благодарение на врнежите го избегнал тоа сценарио.

Фото/Facebook

Исто така, неговата нива не била нападната од никаква болест или штетник, бидејќи во Турија, како што вели, никој не сее афион, па немале парцела од каде што би се преселиле на неговиот насад.

Цената на големо се движи од 200 до 250 динари за килограм афион, на мало до 500 динари.

Бидејќи штотуку е завршено вршењето на афион од неговата парцела, тој сè уште не може точно да го процени приносот бидејќи, според него, сè уште е прилично валкан и мора да го селектираат два-три пати преку селектор за да има идеална чистота. Комбајнот не може да го направи тоа оптимално бидејќи станува збор за лесно, ситно растение.

Фото/Facebook

„Сè уште не сум нашол на кого ќе му го продадам, чекам да биде комплетно селектиран и спремен, па дефинитивно ќе го продадам на големо, на мало не вреди бидејќи немам кому да продадам толку афион“, рече овој земјоделец и додаде дека цената за килограм започнува од 200 и оди до 250 динари доколку се продава на големо, додека кога се продава на мало, од дома, по два или три килограми, цената е околу 500 динари.

Фото/Facebook

Саво Квргиќ инаку се занимава со земјоделско производство и во размер половина-половина сее соја и пченка. Преку ИПАРД овој земјоделец купил трактор од 120 коњски сили. Покрај земјоделството, има и три коњи, црни липицанери кои се исклучително ретки.

„Со одгледување коњи се занимавам од својата седумнаесетта година и исклучиво чувам липицанери. Порано чував бели, а сега вранци. Тие се мојата голема љубов. Немам никаква корист од нив, а трошоците не се мали. Но љубовта кон тоа благородно животно е бесценета и никогаш не би се откажал од нив“, вели Саво.

Фото/Facebook

Извор: Agromedia

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:афионлипицанер
Претходен напис Македонија, Албанија и Србија заедно обезбедуваат храна и струја за своите граѓани пред почетокот на кризната зима – втор ден интензивна агенда на Отворен Балкан во Тирана
Следен напис Во среда прва испорака на житарки од украинското пристаниште Черноморск
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?